Close Menu
Press24
    Најново

    Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?

    01.11.2026 во 12:11

    Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?

    01.11.2026 во 11:46

    На Шапка измерена нула, најмногу дожд во Струмица

    01.11.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?
    • Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?
    • На Шапка измерена нула, најмногу дожд во Струмица
    • Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази
    • Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Предизвика протести кои го урнаа Вучиќ, судењето сѐ уште не е почнато
    • Раст на бројот на гласачи во Брвеница до 9 часот споредено со првиот круг
    • Втор круг од предвремените локални избори во Брвеница
    • Ќе врне цел ден, на места и пообилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се слави Светиот апостол Јаков

    Денеска се слави Светиот апостол Јаков

    13.05.2026 во 09:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го чествуваат споменот на Светиот Јаков Зеведеев, еден од дванаесетте големи апостоли на Исус Христос. Како брат на Јован Богослов, тој беше меѓу првите кои ги оставија рибарските мрежи за да тргнат по патот на Спасителот.

    Јаков се вбројува меѓу тројцата најблиски ученици на кои Господ им ги откриваше најголемите тајни, вклучувајќи го Преображението на Тавор и молитвата во Гетсиманската градина. По примањето на Светиот Дух, тој го ширеше христијанството низ многу краишта, стигнувајќи дури до Шпанија.

    Светите преданија бележат дека по неговото враќање, Евреите не можејќи да го победат во расправите, го обвинија пред Ирод. Заедно со него, на смрт беше осуден и неговиот клеветник Јосија, кој во последен миг се покаја гледајќи го достоинството на апостолот.

    „Мир на тебе и прошка!“, му рече Јаков на Јосија пред двајцата да бидат погубени со меч.

    Свети Јаков пострада во 45-тата година во Ерусалим. Неговите мошти денес почиваат во Шпанија, каде според верувањата, на неговиот гроб сè уште се случуваат чудесни исцеленија.

    Прочитај повеќе

    Петок носи пресврти во љубовта и работата: Дневен хороскоп за 30 октомври

    30.10.2026 во 08:42

    Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

    29.10.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.