Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Радост во Скопје ЗОО: Прво јајце од фламингата

    Радост во Скопје ЗОО: Прво јајце од фламингата

    12.05.2026 во 22:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје ЗОО има посебна причина за радост, го добија првото јајце од фламингата.

    Фламингата пристигнаа во Зоолошка градина Скопје во 2020 година, кога беше отворено нивното живеалиште, малата зелена лагуна создадена според нивните потреби. Тогаш тие беа млади единки, а кај овој вид половата зрелост и природната подготвеност за размножување доаѓаат подоцна, по неколку години.

    -Затоа ова прво јајце е особено значаен момент за нас и доказ дека птиците постепено се адаптирале, созреале и се чувствуваат доволно сигурно во својата средина. Фламингата во Скопје ЗОО се од видот големо розово фламинго, познато по својата елегантна појава, долги нозе, розова боја и впечатливо однесување во група, а тимот на зоолошката и нивните зоонегуватели со големо внимание го следат целиот процес . Кај фламингата инкубацијата обично трае околу 27 до 31 ден, па во наредниот период со надеж ќе чекаме дали од јајцето ќе се изведе младенче, информираат од ЗОО Скопје.

    Ова е мал, но многу важен чекор за ЗОО Скопје, момент кој носи радост, надеж и уште една убава приказна од светот на животните.

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.