ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски продолжуваат со лажната драма дека внесувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет.
А вистината е следна:
Половина од нивната влада, пратеници, министри, директори на јавни претпријатија и нивните семејства веќе имаат бугарски пасоши, велат од СДСМ.
Меѓу нив се и членови од семејството на Мицкоски, како и семејството на нивниот главен медиумски човек, уредник на Орбанова медијумска мрежа – Драган Павловиќ Латас.
ВМРО – криминална група сами предложија закон за двојно државјанство, но со услов – да не важи за овој состав на Собранието и Владата.
Кога СДСМ предложи Закон за двојно државјанство да важи веднаш за сите, вклучително и за актуелната влада и пратениците, ВМРО-ОКГ го повлече сопствениот предлог.
Затоа што не сакаат нивните функционери да бидат исти како обичните граѓани.
Тие веќе имаат ЕУ пасоши.
Тие не чекаат 8-10 часа на граница. Тие летаат со државен авион (купен со пари на граѓаните) на море, додека на граѓаните им велат останете дома, не ви треба море.
Прашањето е едноставно:
Зошто ВМРО толку се бори против внесување на малцинствата во Уставот, кога самите нивни луѓе веќе ги имаат сите права што ги дава ЕУ?
Одговорот е повеќе од јасен:
Затоа што не им е важно ниту македонскиот идентитет, ниту малцинствата.
Важно им е само да го блокираат патот за Европската Унија, за да продолжат со криминалот и корупцијата.
Нема повеќе лаги.
Организираната криминална група ВМРО ја блокира иднината на Македонија.
Малцинствата не се закана.
Криминалот и корупцијата се закана.
Реформи. Правда. Европа.
Тоа е единствениот пат, додаваат од СДСМ.

