Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски од Братислава: Потребна е засилена динамика за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

    Муцунски од Братислава: Потребна е засилена динамика за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

    12.05.2026 во 13:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Братислава учествуваше на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар.

    Групата, која ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, дискутираше за забрзување на пристапниот процес во актуелниот геополитички контекст. Во дискусиите беше нагласена потребата од храбри и стратешки одлуки за проширувањето на Унијата.

    Во своето обраќање, Муцунски ја истакна важноста од отстранување на пречките за непречена трговија со ЕУ.

    „Концептот на постепена интеграција треба дополнително да се надгради со нови иницијативи кои ќе овозможат поактивно учество на земјите од регионот во креирањето на политиките на Европската Унија и ќе донесат директни придобивки за граѓаните“, посочи министерот Муцунски.

    Посебен акцент беше ставен на Планот за раст и реформската агенда како предуслов за користење на средствата од Унијата. Министерот Муцунски ја потенцираше и важноста на Коридорите VIII и X, кои според него имаат значајна економска и безбедносна важност за цела Европа.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.