Close Menu
Press24
    Најново

    Реченици што секое дете треба да ги чуе пред да наполни 10 години

    09.07.2026 во 23:40

    Едита откри како се чувствува и покажа како изгледа пред породувањето 

    09.07.2026 во 23:21

    Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди

    09.07.2026 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Реченици што секое дете треба да ги чуе пред да наполни 10 години
    • Едита откри како се чувствува и покажа како изгледа пред породувањето 
    • Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди
    • Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси
    • Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија
    • Приведени 4 лица: Се расправале, па се степале – еден пукал во воздух
    • Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
    • СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во историјата со рекордна реализација на инвестиции

    Ѓорѓиевски: Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во историјата со рекордна реализација на инвестиции

    12.05.2026 во 12:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека Град Скопје бележи историски најдобар прв квартал во делот на капиталните инвестиции. Според неговите податоци, во првите три месеци се реализирани 335,75 милиони денари, што претставува 18,12% од вкупно планираните средства за оваа намена во 2026 година.

    Ѓорѓиевски истакна дека во април реализацијата достигнала 464,45 милиони денари, што е највисок износ за овој месец досега.

    „Заклучно со 8 мај 2026 година, односно за период од само 4 месеци и 8 дена, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува повеќе од 480 милиони денари, со што веќе се реализирани 26% од вкупно планираните капитални инвестиции. Тоа значи дека за само четири месеци веќе сме надминале цели шестмесечни периоди од претходни години“, појасни градоначалникот.

    Тој додаде дека паралелно со инвестициите, исплатени се сите заостанати субвенции за велосипеди, инвертер-клими и стипендии, а обезбедени се и 467,9 милиони денари за стабилизација на јавните претпријатија.

    „За само 4,5 месеци, обврските на јавните претпријатија се намалени за околу 38,5 милиони евра. Предводник во ова намалување е ЈП ‘Водовод и канализација’, каде што обврските се намалени за 1,55 милијарди денари, односно повеќе од 25 милиони евра“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека долговите на самиот Град се намалени за 11,6 милиони евра.

    Ѓорѓиевски заклучи дека системот се стабилизира, платите во претпријатијата веќе не доцнат и дека градот продолжува со засилено темпо на работа.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, одговорност ќе има

    09.07.2026 во 08:29

    Ќе нема струја 8 часа, исклучувања низ Скопје – На неколку улици ќе нема и вода

    09.07.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.