Close Menu
Press24
    Најново

    Скопска општина субвенционира по 10.000 денари за возачка дозвола, пријавете се

    12.05.2026 во 11:38

    Мицкоски: Избираме потежок пат кон ЕУ бидејќи достоинството нема цена

    12.05.2026 во 11:27

    (ВИДЕО) Милевски: СДСМ Карпош бара итна седница на Советот – „Општината е во хаос по повлекувањето на Лукровски“

    12.05.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопска општина субвенционира по 10.000 денари за возачка дозвола, пријавете се
    • Мицкоски: Избираме потежок пат кон ЕУ бидејќи достоинството нема цена
    • (ВИДЕО) Милевски: СДСМ Карпош бара итна седница на Советот – „Општината е во хаос по повлекувањето на Лукровски“
    • Приведен камионџијата која вчера прегзи пешак на патот Прилеп-Градско
    • Тажен крај на потрагата: Познатиот полски јутјубер пронајден мртов во Хрватска
    • Голема ајкула забележана во близина на популарни плажи
    • ВМРО-ДПМНЕ бара од партиите да го осудат говорот на Петрова Чамова: Во Македонија живеат Македонци, но Северномакедонци нема
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја поддржува и бугарската позиција дека Македонија нема проблем со источниот сосед
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопска општина субвенционира по 10.000 денари за возачка дозвола, пријавете се

    Скопска општина субвенционира по 10.000 денари за возачка дозвола, пријавете се

    12.05.2026 во 11:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите центарци  да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија.

    Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства.

    „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон поголема безбедност во сообраќајот. Со соодветна обука, младите одговорно и совесно ќе седнат зад воланот“, порача Герасимовски.

    Субвенцијата изнесува 10.000 денари, а право на аплицирање имаат лица родени во 2006, 2007 и 2008 година.

    Општина Центар од оваа година воведе и олеснување на постапката, со тоа што субвенциите може да се исплатат и на трансакциската сметка на родителите, наместо како досега само на корисникот.

    Правото на субвенција е еднократно, а апликантите треба да достават: барање за субвенција за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи на подрачјето на Општина Центар; копија од лична карта; копија од трансакциска сметка; доказ за извршена уплата во автошкола; доказ дека автошколата е регистрирана на подрачјето на Општина Центар.

    За реализација на овој проект, локалната самоуправа за оваа година издвои 2 милиони денари.

    Јавниот повик трае до исцрпување на предвидените средства, а најдоцна до 31 декември 2026 година.

    Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар , барака бр. 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

    За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-680.

    Прочитај повеќе

    Скопје во знакот на виното: Од утре започнува јубилејното 15. издание на „Виноскоп“

    12.05.2026 во 10:32

    ЕВН најави исклучувања: Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија

    12.05.2026 во 09:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.