Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Уште 19 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформите од Владата на Мицкоски

    СДСМ: Уште 19 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформите од Владата на Мицкоски

    12.05.2026 во 09:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уште 19 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформите од Владата на Мицкоски. Додека Тимчо Муцунски тврди дека владата постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда реалноста е сосема поинаква, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Нема реформи, нема резултати, нема напредок. Единствено што гледаат граѓаните се секојдневни конфликти и нови изговори за неисполнување на реофрмите.

    Бидејќи нема никакви реформи, Христијан Мицкоски повторно ја активира добро познатата стратегија за мачкање очи на јавноста и дефокусирање од сопствениот неуспех.

    Намерно ги заострува односите со Бугарија, создава нови тензии и конфликти, наместо да гради позиции за напредок на државата и продолжување на европскиот пат.

    Паралелно ја напаѓа СДСМ и шири лажни обвинувања дека некој друг е виновен за тоа што Владата не спроведува реформи.

    Но самиот Мицкоски призна дека за реформите не му е потребна опозицијата.

    Тој постојано се фали дека има апсолутно мнозинство во Собранието. Истото тоа мнозинство без консензус ја укина техничката влада. Со истото тоа мнозинство може да ги донесе и сите закони и реформи ако навистина сака.

    СДСМ не му е потребен за реформи. СДСМ му треба само како алиби за сопствениот неуспех и за фактот дека Владата не ги исполнува условите за продолжување на европскиот пат и отворање на поглавјата.

    Тоа е вистината која Мицкоски се обидува да ја сокрие зад нови лаги и конфликти.

    Како што ги лажеше граѓаните дека ќе го укине Преспанскиот договор без последици, дека ќе го врати името, дека македонскиот идентитет бил загрозен, така и денес повторно лаже за реформите и европската иднина на државата.

    Тогаш клечеше и молеше за власт, а денес ја држи Македонија на колена.

    Мицкоски не сака Европска Унија, за да продолжат криминалните тендери без контрола и без одговорност, тоа е суштината.

    Затоа нема реформи и затоа со оваа криминална власт нема членство во ЕУ, македонските граѓаните се заложници на интересите на една криминална група ВМРО“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.