Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Левица е активирана како сателит на ВМРО за да го сокрие недостигот на резултати

    СДСМ: Левица е активирана како сателит на ВМРО за да го сокрие недостигот на резултати

    11.05.2026 во 19:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уште еден сателит во одбрана на криминалната група ВМРО-ОКГ, во момент кога Мицкоски повеќе не може да одговори на граѓаните на ниту едно прашање, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Кога ВМРО нема аргументи, кога нема резултати, кога нема одговор за економијата, инфлацијата, криминалот и неисполнетите ветувања, ги активира своите сателити како Левица.

    Кога на ВМРО му се распадна системот на лаги дека малцинствата го загрозуваат македонскиот национален интерес, кога еврокомесарката јасно кажа дека парите од ЕУ за регионот се обезбедени, но реформите мора да се спроведат, кога на Мицкоски му остануваат уште 20 дена да ја исполни реформската агенда како што самиот вет, ете напади врз СДСМ.

    Од кого? Од сателитот Левица.

    Досега тоа беше ЗНАМ, а сега кога ЗНАМ политички се распаѓа и ја губи поддршката кај граѓаните, активиранa е прорурската Левица.

    Левица е партија создадена и финансирана од ВМРО.

    Партија која фиктивно треба да глуми опозиција на власта, а всушност е осудена засекогаш да биде приврзок и заштитник на ВМРО.

    Партија која е против Европската Унија во земја кандидат за членство во ЕУ, во која над 77% од граѓаните ги поддржуваат европските интеграции.

    Партија која е против НАТО во земја членка на НАТО, во која над 72% од граѓаните го поддржуваат членството во Алијансата.

    Проруска партија во земја во која САД се стратешки партнер.

    Партија создадена за да биде вечна опозиција. Накратко, партија за ништо друго освен да му служи и да гласа за ВМРО во Собранието.

    Токму тие го сочинуваат мнозинството кое гласаше за укинување на техничката влада.

    Како што досега изгласаа сè во Собранието без СДСМ.

    Затоа што, како што вели Мицкоски, имаат апсолутно мнозинство.

    А пратениците на ВМРО велат дека реформите ќе ги спроведат без СДСМ“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.