Рокот за изградба на автопатиштата што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе биде продолжен за две години, односно до декември 2029 година, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Тој рече дека продолжувањето е поради двегодишниот застој на проектот и дека не очекува зголемување на цената на изградбата.
„Причина за продолжување на рокот е застојот од две години бидејќи претходната влада не направила ништо. Надзорниот инженер на проектот во ноември побара да се надополни тој период од рокот за изградба и ние немавме друг избор освен да прифатиме“, изјави Николоски.
Според него, експропријацијата е завршена, а делови од трасата може да бидат готови и пред крајниот рок. Николоски посочи дека пред почетокот на работите на делниците Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани треба да се решат и прашањата со постојните водови, оптички кабли, далноводи, водоводни и канализациски мрежи, како и поврзувањето на населените места со надвозници.
Тој додаде дека во меѓувреме ќе се одржува постојниот пат Тетово – Гостивар за да се обезбеди непречен сообраќај кон Маврово

