Close Menu
Press24
    Најново

    Партнерствата се новата стратегија: Охрид го соедини регионалниот технолошки врв на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking

    08.05.2026 во 13:18

    Кривична пријава за фирма и управител од Струмица: Го оштетиле буџетот за над 1,7 милиони денари

    08.05.2026 во 13:02

    Жерновски: Мицкоски има комплетна амнезија за ветувањата дека ќе го поништи Преспанскиот договор

    08.05.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Партнерствата се новата стратегија: Охрид го соедини регионалниот технолошки врв на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking
    • Кривична пријава за фирма и управител од Струмица: Го оштетиле буџетот за над 1,7 милиони денари
    • Жерновски: Мицкоски има комплетна амнезија за ветувањата дека ќе го поништи Преспанскиот договор
    • Кузеска: Инфлацијата е двојно повисока од еврозоната, секој петти граѓанин живее во сиромаштија
    • Финансиска полиција откри криминал во Агенцијата за одземен имот: „Наместиле“ тендер за старо железо вреден 2 милиони денари
    • Сиљановска-Давкова до Берсе: Билатерализацијата го поткопува проширувањето, пресудите од Стразбур мора да се почитуваат
    • Сиљановска-Давкова: Македонија е под троен демографски притисок, потребни се мудри и хумани одговори
    • Муцунски на средба со висока делегација од ЕЕАС: Се зајакнува партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Партнерствата се новата стратегија: Охрид го соедини регионалниот технолошки врв на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking

    Партнерствата се новата стратегија: Охрид го соедини регионалниот технолошки врв на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking

    08.05.2026 во 13:187 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во време кога вештачката интелигенција го преобликува секој аспект од деловното работење, кога сајбер заканите еволуираат со невидена брзина, а инфраструктурата се изградува одново за една сосема нова деловна реалност, една порака јасно одекна на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking во Охрид: иднината нема да ѝ припадне на оние со најнапредна технологија, туку на оние со најсилни партнерства.

    Вчера во Охрид, регионалната технолошка конференција собра околу 200 високи одлучувачи од Македонија, Албанија и Косово, со поддршка на вендорите Check Point, Cisco, Juniper, Dell, IBM, Zebra, VMware, Veeam и Microsoft, кои изнесуваа ставови во рамки на три тематски панели и отворен дијалог за иднината на индустријата. Конференцијата ја отвори Филип Силјановски, генерален менаџер на Инграм Микро за Македонија, Албанија и Косово, со говор кој ја позиционираше платформата не само како настан, туку како жив екосистем на партнерства, изграден во изминатите пет години со јасна визија и со луѓе кои веруваат во заедничка цел.


    Силјановски истакна дека лобалната тежина зад настанот, како компанија со 48 милијарди долари нето продажба и присуство во 61 земја, минатата година излезе на Њујоршката берза, потврдувајќи го својот идентитет на „агресивно дигитална, неверојатно човечка” организација. „Пред пет години имавме визија дека овој регион е спремен да предводи. Денес, таа визија е реалност. Преминавме одамна границата на класичната дистрибуција, ние сме партнерот од прв избор за оние кои не градат бизнис за денес, туку оставаат сопствен технолошки наследство за наредните генерации. Технологијата ги трансформира пазарите низ луѓе. Низ партнери. Низ овој екосистем. Затоа верувам дека наредните пет години ќе им припаднат на оние кои водат со храброст и сум сигурен дека ќе им припаднат на нас.” потенцираше Силјановски.


    Тој се осврна на платформата и во глобален контекст, потсетувајќи дека минатата година Инграм Микро излезе на Њујоршката берза со 48 милијарди долари нето продажба за фискалната 2024 година, сразмер кој, како што рече, „стои зад секое партнерство во оваа просторија“. На свеченото отворање се обрати и Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, кој нагласи дека довербата е многу значајна валута во дигиталната доба, но истата зависи директно од безбедноста и сигурноста на дигиталните системи. Тој потенцираше дека активно се инвестира во модерна и безбедна дигитална инфраструктура, во имплементирање на европските стандарди и регулативи, во програми за развој на нови квалификувани кадри и нови дигитални услуги, се со цел воспоставување на одржлив дигитален екосистем кој нема да биде само иновативен, туку пред се безбеден, доверлив и сигурен. Во излагањето тој ја истакна важноста на соработката со приватниот сектор, улогата на технолошките провајдери и научната фела во севкупниот процес на дигитална трансформација.

    „Сајбер безбедноста е поставена како еден од врвните приоритети на Министерството за дигитална трансформација, за што сведочат низа активности во изминатите две години како донесувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност, воспоставувањето на законската рамка усогласена со NIS 2 директивата на Европската Унија, формирањето на Секторот за сајбер безбедност во рамки на Министерството, како и отворањето на Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти – MKD GOV CIRT” додаде тој. Првиот панел на конференцијата, насловен „Иднината на сајбер безбедноста: од периметар до ВИ-задвижувана одбрана“, собра тројца врвни експерти кои дискутираа за тоа како вештачката интелигенција ги менува и заканите и одбраната. Един Ризванбеговиќ, Country Manager за Адриатик при Check Point Software Technologies, нагласи дека „сајбер безбедноста е во срцето на технолошкиот пулс на денешницата“, потенцирајќи дека заканите не само што се поразвиени, туку се и побрзи, поприлагодливи и пораширени отколку кога било. „Бранителите мора да играат со истата брзина или ризикуваат да заостанат“, заклучи тој Драган Новаковиќ, Security Solutions Engineer во Cisco, потенцираше дека „ВИ, безбедноста и технолошкиот напредок повеќе не се одделни теми. „Тие се една иста тема, и организациите што ќе го разберат тоа први ќе ја имаат предноста во следните пет години. Модерната одбрана веќе не може да чека на периметарот, безбедноста мора да биде вградена во самата мрежа“, рече Новаковиќ.

    Александар Лакета, Senior Product Manager во Juniper Networks преку Ingram, ги обработи начините на кои ВИ ги менува безбедносните архитектури и улогата на ВИ во реалната имплементација на Zero Trust моделот. „ВИ ги менува безбедносните архитектури од темел. Прашањето веќе не е дали ќе го прифатиме, туку колку далеку треба да одиме со автоматизацијата и каде треба да остане човечката одлука — таа рамнотежа ќе биде дефинирачка за наредните години“, заклучи Лакета.


    Вториот панел, со наслов „Од податоци до одлуки: како потенцијалот на ВИ се претвора во вистински деловни резултати“, се фокусираше на тоа каде ВИ денес создава мерлива деловна вредност и како компаниите можат да ја минат границата помеѓу експериментирањето и реалното внесување во продукција. Гоце Јанкулоски, AI and Data Platforms Specialist за Централна и Источна Европа во Dell Technologies, се осврна на петте области во кои ВИ веќе создава вредност, безбедност, искуство, ефикасност, одржливост и приходи, како и на и улогата на edge computing и validated design процесите во забрзувањето на патот од идеја до имплементација. „ Неструктурираните податоци се суровината на вештачката интелигенција, а Dell е местото каде таа се претвора во интелигенција од големи размери. Компаниите што ќе го разберат тоа најрано ќе имаат најголема предност“, истакна Јанкулоски. Ана Бакоч, AI Engineer во Client Engineering при IBM, ја насочи дискусијата кон ВИ агентите како следниот бран на автоматизација и кон важноста на одговорната ВИ. „Во IBM, фокусот ни е на градење ВИ во вистински, реални услови заедно со клиентите.


    Со претворање на идеи во работни прототипи, им помагаме на организациите да преминат од експериментирање кон скалирање, таму каде што ВИ создава вистинска вредност, со транспарентност и доверба како основа“, нагласи Бакоч. Преку видео-обраќање учествуваше и Јован Поповиќ, Senior Channel Account Manager за Адриатик при Zebra Technologies, кој истакна дека „со комбинација на data capture и интелигентни edge уреди, им помагаме на бизнисите да ги претворат суровите податоци во акциски увиди — во моментот кога тие се потребни, не петнаесет минути подоцна“, потенцирајќи дека „видливоста во реално време повеќе не е луксуз, туку оперативна неопходност“.

    Третиот и завршен панел на конференцијата, „Инфраструктура без силоси: поврзување на виртуелизацијата, бекапот и cloud платформите“, го отвори прашањето како да се изгради кохерентна, отпорна и интелигентна основа за ВИ-движено време. Јован Милосавлевиќ, Technical Account Manager во MBCOM, кој ја претставуваше VMware, се осврна на сувереноста на податоците, регулаторните барања и неопходноста од сигурна и скалабилна инфраструктура. „Без силни основи, ВИ само ги скалира постоечките проблеми. Безбедната и суверено проектирана инфраструктура е предуслов за сè друго што следи — без неа, секоја ВИ иницијатива е изградена на песок“, рече тој. Драгана Манчевска, System Engineer за Југоисточна Европа во Veeam, ја насочи дискусијата кон поместувањето од backup кон data resilience како нова реалност, при што истакна дека „разговорот веќе не е за бекап, тој е за резилиентност“.

    „Во ера на ВИ, заштитата на податоците повеќе не е ИТ тема, туку тема на ниво на одбор на директори, и компаниите што ќе го направат тоа поместување во наредните дванаесет месеци ќе ја имаат предноста, а оние што нема ќе ја платат цената“, потенцираше тој. Последниот панел го затвори Димитар Грозданов, независен ИТ консултант, Microsoft 365 MVP и сертифициран ISO 27001 Lead Auditor, со дискусија за етиката, довербата и безбедноста во ВИ системите.

    „Не сум видел проекти да не успеат поради недостиг на технологија, тие имаат проблеми кога стратегијата, управувањето и извршувањето не се усогласени. Кога овие три компоненти ќе се спојат, дигиталната трансформација повеќе не е празен поим, туку реален бизнис резултат“, заклучи Грозданов.

    Петтото традиоционално издание на Ingram Micro & Vendors Networking го водеше Мики Наки Трајкоски, а панелите ги модерираше новинарката и уредничка Славица Арсова.

    Целиот настан се емитувше во живо на LinkedIn:

    https://www.linkedin.com/posts/ingram-micro-macedonia-albania-kosovo_1-ingram-micro-vendors-networking-5-activity-7458097810035605504-MmpX?utm_source=li_share&utm_content=feedcontent&utm_medium=g_dt_web&utm_campaign=copy

    Прочитај повеќе

    Кривична пријава за фирма и управител од Струмица: Го оштетиле буџетот за над 1,7 милиони денари

    08.05.2026 во 13:02

    Жерновски: Мицкоски има комплетна амнезија за ветувањата дека ќе го поништи Преспанскиот договор

    08.05.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.