Close Menu
Press24
    Најново

    Тажна вест: Почина новинарката Ирена Радовановиќ

    08.05.2026 во 10:54

    Ѓорѓиевски и Силјановска ги засукаа ракавите: Започна „Generalka Weekend“ – најмасовната еко-акција на Балканот

    08.05.2026 во 10:41

    Светски рекорд: Запленети 30 тони кокаин во вредност од над 800 милиони евра

    08.05.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тажна вест: Почина новинарката Ирена Радовановиќ
    • Ѓорѓиевски и Силјановска ги засукаа ракавите: Започна „Generalka Weekend“ – најмасовната еко-акција на Балканот
    • Светски рекорд: Запленети 30 тони кокаин во вредност од над 800 милиони евра
    • УХМР издаде метео аларм – во најава обилни врнежи
    • Дневен хороскоп: Време е за стратегија кај Овните, пресврт за Водолиите и интуиција за Рибите
    • Денеска е Свети апостол Марко: Првиот проповедник кој го донесе христијанството во Египет
    • Филипче: ВМРО изгуби над 150.000 гласови
    • Филипче до Мицкоски: Никој нема право да го блокира стратешкиот пат на граѓаните зацртан уште од независноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тажна вест: Почина новинарката Ирена Радовановиќ

    Тажна вест: Почина новинарката Ирена Радовановиќ

    08.05.2026 во 10:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонското новинарство денеска загуби еден од своите најпрепознатливи гласови во внатрешната политика. По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на Медиумската информативна агенција (МИА), Ирена Радовановиќ.

    Радовановиќ ја започна својата кариера во неделникот „Фокус“ во 1991 година, каде работеше една деценија. Нејзиниот професионален пат продолжи низ редакциите на „Вечер“, „Нова Македонија“, „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Својот новинарски печат го остави и во неделникот „Форум“, дневниот весник „Дневник“ и Радио „Слободна Македонија“.

    Од 2014 година, таа беше дел од внатрешно-политичката редакција на МИА, работејќи како новинар и аналитичар. Колегите ја опишуваат како исклучителен професионалец чија посветеност трајно ќе остане запаметена во фелата.

    Од својата долгогодишна колешка се збогуваше и директорот на МИА, Дарко Јаневски, кој преку социјалните мрежи ја сподели тешката вест: „Си замина нашата Ирена. Се боревме година и половина. Тешко, со болка, но и со надеж. Мала, но надеж. На крај, се предаде. Така, има години, месеци и денови кои се баш тешки. Овие се токму такви“, напиша Јаневски.

    МИА изрази длабоко сочувство до нејзиното семејство. Погребот ќе се изврши утре на гробиштата во Радишани во 11:00 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 10:30 часот.

    Прочитај повеќе

    Ужас во Битола: Ученик објавил „листа за ликвидација“ на соученици на ТикТок

    08.05.2026 во 09:29

    Адвокатка објави видео од брутално врсничко насилство во Штип: Институциите изрекуваат минимални казни

    07.05.2026 во 21:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.