Close Menu
Press24
    Најново

    Ужас во Битола: Ученик објавил „листа за ликвидација“ на соученици на ТикТок

    08.05.2026 во 09:29

    ВРЕДИ се обединува во еден политички субјект: Утре 850 делегати ќе го запечатат големото ветување

    08.05.2026 во 09:19

    Мицкоски на отворањето на „Плазма спортски игри за млади“: Македонија станува дел од големото европско спортско семејство

    08.05.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ужас во Битола: Ученик објавил „листа за ликвидација“ на соученици на ТикТок
    • ВРЕДИ се обединува во еден политички субјект: Утре 850 делегати ќе го запечатат големото ветување
    • Мицкоски на отворањето на „Плазма спортски игри за млади“: Македонија станува дел од големото европско спортско семејство
    • Подгответе ги чадорите: Денеска невреме со дожд и грмежи
    • ЕУ се подготвува за преговори со Путин: Брисел стравува да не биде исклучен од мировниот процес предводен од САД
    • Ескалација во Заливот: САД извршија удари врз ирански пристаништа, Техеран возврати со ракети
    • Вучиќ демантира понуда од Мимовиќ за НИС: Преговорите со унгарски МОЛ влегуваат во финална фаза
    • Германски министер: Неодговорната војна на Трамп ја турка нашата економија во бездна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ужас во Битола: Ученик објавил „листа за ликвидација“ на соученици на ТикТок

    Ужас во Битола: Ученик објавил „листа за ликвидација“ на соученици на ТикТок

    08.05.2026 во 09:291 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавноста во Битола е вознемирена по информациите за објавен список со имиња на ученици за наводна ликвидација на социјалната мрежа ТикТок. Случајот е поврзан со ученик од седмо одделение во ОУ „Стив Наумов“, кој покрај имињата на соучениците, во објавата навел и точен датум за заканата.

    Според информациите објавени од локалните медиуми и порталот „4News“, заканите се појавиле и во физичка форма на ливчиња во училиштето, што предизвикало итна реакција кај родителите. Тие тврдат дека ваквото однесување не е првпат забележано кај истиот ученик.

    Од ОУ „Стив Наумов“ појаснуваат дека содржините не се објавувани во училиштето ниту за време на наставата, но дека веднаш се известени МВР, Центарот за социјални работи и Општина Битола. Директорот Никола Пискачев потврди дека е одржан состанок со стручните служби и родителите.

    „Материјалите со кои располага училиштето се доставени до надлежните институции“, изјавил Пискачев, упатувајќи апел за смиреност и почитување на приватноста бидејќи станува збор за малолетници.

    Неофицијално, ученикот привремено ќе следи настава онлајн, а според последните информации, неговите родители најавиле дека тој ќе биде префрлен во друго училиште.

    Прочитај повеќе

    Адвокатка објави видео од брутално врсничко насилство во Штип: Институциите изрекуваат минимални казни

    07.05.2026 во 21:29

    20-годишна девојка пронајдена почината во стан во Штип

    07.05.2026 во 17:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.