Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Голем скандал во Прилеп: Стрелачки клуб тајно продавал оружје на лица без дозвола, запленет цел арсенал пушки

    07.05.2026 во 14:19

    Вооружен инцидент во липковско: Пукал во „мерцедес“ додека се разминувале на пат, приведено едно лице

    07.05.2026 во 14:12

    Приведен 27-годишен скопјанец кој нападнал полицајци и го искршил службеното возило на МВР

    07.05.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Голем скандал во Прилеп: Стрелачки клуб тајно продавал оружје на лица без дозвола, запленет цел арсенал пушки
    • Вооружен инцидент во липковско: Пукал во „мерцедес“ додека се разминувале на пат, приведено едно лице
    • Приведен 27-годишен скопјанец кој нападнал полицајци и го искршил службеното возило на МВР
    • Драма пред полициска станица во Аеродром: Беровчанец се обидел насилно да влезе во станицата и снимал со телефон
    • Пресудата ја прими без никакви емоции – 12 години затвор за Стојанче
    • Животот во Македонија станува сè поскап: Трошоците пораснаа за скоро 6 отсто
    • Ужас на Итна Помош: Мајка си го убила новороденчето
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна првата фаза на дезинсекција против комарци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Голем скандал во Прилеп: Стрелачки клуб тајно продавал оружје на лица без дозвола, запленет цел арсенал пушки

    (ФОТО) Голем скандал во Прилеп: Стрелачки клуб тајно продавал оружје на лица без дозвола, запленет цел арсенал пушки

    07.05.2026 во 14:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал реализиран е случај на недозволена трговија со оружје сторено од стрелачки клуб од Прилеп.

    Имено, на 06.05.2026 до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот клуб од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

    Во периодот од 26.01.2026 – 29.01.2026 бил извршен увид врз основа на наредба од јавен обвинител и било утврдено дека во стрелачкиот клуб се пронајдени пет малокалибарски пушки за кои не поседуваат соодветна дозвола. Исто така, било утврдено дека управителот заедно со ракувачот на оружје, како дел од управен одбор, вршеле продажба на огнено оружје кое го поседувал стрелачкиот клуб на лица кои не поседувале дозвола за поседување на огнено оружје.

    Поради тоа, во текот на 06.05.2026 ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал и Одделот за граѓански работи од стрелачкиот клуб се одземени околу 70 малокалибарски пушки и 10 малокалибарски пиштоли, како и поголема количина на пневматско оружје со цел поведување на управна постапка пред надлежен орган.

    Прочитај повеќе

    Вооружен инцидент во липковско: Пукал во „мерцедес“ додека се разминувале на пат, приведено едно лице

    07.05.2026 во 14:12

    Приведен 27-годишен скопјанец кој нападнал полицајци и го искршил службеното возило на МВР

    07.05.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.