Вчера во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во ПС Аеродром приведен е Х.А.(32) од Берово.
Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видео запис од видео надзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал, но откако му било укажано дека видео записот не може да му биде доставен без да пополни соодветно барање, тој почнал агресивно да се однесува и во неколку наврати се обидел да влезе во службените простории во полициската станица, при што снимал со мобилен телефон иако му било укажано дека тоа не смее да го прави.
По документирање на случајот, против Х.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
- Голем пожар во индустриската зона кај Риека: Издадени итни предупредувања за граѓаните
- Скандал со вештачка интелигенција: Агент на OpenAI хакираше австралиски државен портал
- Дневен хороскоп: Рибите добиваат убави вести, Лавот влегува во важен период
- Димитриеска-Кочоска: Растот е 4,3 отсто, дефицитот останува во предвидените рамки
- Германија предупредува во ОН: Руските хибридни напади во Европа достигнаа ново ниво
- ВМРО-ДПМНЕ до Николовски: Бараш судска заштита, а не се појавуваш на рочишта
- СДСМ: Економските резултати на Мицкоски се катастрофално лоши
- Историска средба во Белата куќа: Си Џинпинг и Доналд Трамp пред клучни трговски одлуки

