Вчера во 13:30 часот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиja од слобода Е.И.(37) од Гостивар.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари. Потоа, во 21:40 часот, полициски службеници го лишиja од слобода и Џ.М.(38) од село Здуње, гостиварско, поради сомнение за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
- Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
- Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
- Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
- Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
- И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
- Тинејџер ја натепал баба му
- 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
- Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи

