Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
    • МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Скопје работи на мерки за младите да останат дома, демографските предизвици се наша секојдневна реалност

    Ѓорѓиевски: Скопје работи на мерки за младите да останат дома, демографските предизвици се наша секојдневна реалност

    07.05.2026 во 12:14Updated:07.05.2026 во 12:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на регионалната министерска конференција посветена на справувањето со демографските промени и градењето отпорност. Тој истакна дека оваа тема е клучна за обликувањето на иднината на градовите и државите во регионот.

    Ѓорѓиевски нагласи дека за Скопје, како главен град, иселувањето на младите и стареењето на населението не се само теоретски прашања, туку реални проблеми кои бараат конкретни политики. Според него, локалната самоуправа има клучна улога бидејќи решенијата мора да започнат таму каде што граѓаните живеат и работат.

    „Во Скопје, со поддршка од Владата на Република Македонија работиме на мерки и политики што ги поддржуваат младите, семејствата и сите генерации преку подобри јавни услуги, инвестиции во образование, социјална заштита, урбан развој и создавање поинклузивни и одржливи заедници“, објави Ѓорѓиевски.

    Тој потенцираше дека крајната цел е главниот град да понуди услови во кои секој граѓанин ќе има можност за достоинствен живот. Ѓорѓиевски верува дека регионалната соработка е патот кон поотпорни општества.

    „Скопје останува отворен партнер, активен чинител и град кој не чека промените да се случат, туку учествува во нивното создавање. Иднината се гради со луѓето, за луѓето и за генерациите што доаѓаат“, заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.