Close Menu
Press24
    Најново

    Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините

    29.10.2026 во 22:04

    Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството

    29.10.2026 во 21:47

    Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт

    29.10.2026 во 21:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Споменот на Гешовски потсетува колку скапо чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда

    Филипче: Споменот на Гешовски потсетува колку скапо чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда

    06.05.2026 во 14:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во Кавадарци положи цвеќе и оддаде почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник на тогашната ЈНА, го загуби животот и беше првата жртва од Македонија во конфликтот што го предизвика распадот на Југославија. Филипче во објава на социјалните мрежи порача дека војната што се случи во 90-тите години никогаш не семее да се повтори и треба да биде силен потсетник колку скапо може да нè чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда.

    „Денеска во Кавадарци, положив цвеќе и оддадов почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник на тогашната ЈНА, го загуби животот и беше првата жртва од Македонија во конфликтот што го предизвика распадот на Југославија. Тогаш, политиката на омраза, националистичка пропаганда и вештачки создадени поделби втурнаа во војна и крв целата земја.

    Овој конфликт кој никогаш не семее да се повтори, треба да биде силен потсетник колку скапо може да нè чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда. Тогаш благодарение на мудрите политики, претседателот Киро Глигоров, ја обезбеди независноста на Македонија.

    Денес, повторно сме сведоци на исти опасни реторики на омраза, вештачки поделби и националистичка пропаганда. Христијан Мицкоски систематски го дели општеството, поттикнува меѓунационални тензии, намерно создава конфликти со Бугарија и со Грција, фабрикува вести и дезинформации, загрозувајќи ја иднината на државата.

    СДСМ нема дозволи Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ да не вратат во 90-тите години – во изолација, сиромаштија и поделби, само за да ја заштитат својата власт и своите тендери. Секогаш ќе стоиме на страната на мирот, единството и европската иднина на Македонија“, посочи во објавата Филипче.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.