Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС нудат политика на отстапки без принципи и гаранции за државата

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС нудат политика на отстапки без принципи и гаранции за државата

    06.05.2026 во 09:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС и Филипче се кријат зад флоскулата „проевропски“ додека во пракса нудат политика на отстапки без принципи, без црвени линии и без гаранции за државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „За Венко Филипче и СДС европскиот пат е алиби за прифаќање на се и сешто на штета на националните интереси, само СДС да се дограби до власта, а Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка.

    Венко Филипче, во обид да ја задржи лидерската позиција во СДС, сѐ повеќе ја турка политиката на безусловни отстапки кон Бугарија.

    Додека Филипче зборува за проевропски пат и се продава како единствен арбитер на европскиот пат на државата, истовремено соработува со луѓе кои имаат проруски ориентации и се во бизнис шеми со кланот Заеви.

    Филипче и СДС како во минатото така и денес додека зборуваат за проевропски пат, соработуваат со бизнисмени кои се сериозно контроверзни како случајот со прорускиот бизнисмен Александар Онишченко, на кого му дадоа македонско државјанство, човек кој избега од Украина поради перење пари и корупција, а кој Заев и Филипче го пречекаа со воодушевување.

    Друг пример е скандалот со  Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија, кој добива десетици државни тендери. Вкупно 77, од кои 66 преку ЕСМ во вредност  од 141 милион евра, благодарение на шемите со Заев и Филипче.

    Исто така случајот со Миодраг Давидовиќ – Дака кој е многу спорен. Само еден ден по формирањето на владата во 2020 година, се менува ДУП во Тетово. Целта на Заев и СДС била да се овозможи проект тежок 200 милиони евра со над 2.000 станбени единици.

    Сето ова е доказ дека СДС и Филипче немаат концепт, визија и стратегија за државата. Единствена цел на Филипче е да си ја сочува фотелјата и затоа делува во зависност од дневнополитичките потреби.

    Игнорирањето на проблемите не е решение, државата се води со јасни позициии и заштита на националните интереси, а не бегање од реалноста, затворање очи пред билатералните проблеми и сервилност на Филипче и СДС“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.