Двогрбите камили во скопската Зоолошка градина по трет пат станаа мама и тато.
-Вчера во ЗОО Скопје се роди ова мало преслатко камилче на мама Мираи и тато Карло и е трето дете во фамилијата после неговите брат и сестра Буби и Ками, велат од ЗОО Скопје.
Мираи и малото бебе ноќта ја поминаа изолирани од другите членови на семејството со цел да бидат под надзор, а веќе денеска камилчето ужива со својата мајка во убавиот сончев ден.

