Close Menu
Press24
    Најново

    Условни казни затвор за тројца полицајци од Кочани: Судот пресече за случајот поврзан со дискотеката „Пулс“

    05.05.2026 во 14:21

    Клековски: Двојно зголемени контролите за боледувања, се подготвуваат измени во правилникот

    05.05.2026 во 14:17

    Нов модел на ПОЦ: Едно бесплатно паркинг место за секоја станбена единица во Центар

    05.05.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Условни казни затвор за тројца полицајци од Кочани: Судот пресече за случајот поврзан со дискотеката „Пулс“
    • Клековски: Двојно зголемени контролите за боледувања, се подготвуваат измени во правилникот
    • Нов модел на ПОЦ: Едно бесплатно паркинг место за секоја станбена единица во Центар
    • Филипче: Уште еден удар врз семејниот буџет на граѓаните, горивата поскапеа иако премиерот ветуваше дека тоа нема да се случи
    • „Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување
    • Доаѓа првиот африкански бран во Македонија, температурите ќе се искачат до 30 степени
    • Десет месеци затвор за вработена во Министерството за земјоделство за мито со ИПАРД фондови
    • Полицаец заврши во притвор – ја нападнал сопругата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Условни казни затвор за тројца полицајци од Кочани: Судот пресече за случајот поврзан со дискотеката „Пулс“

    Условни казни затвор за тројца полицајци од Кочани: Судот пресече за случајот поврзан со дискотеката „Пулс“

    05.05.2026 во 14:212 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни тројцата полицајци од Кочани обвинети за злоупотреба на службената положба. На Кире Богатинов и Горан Лазаров им е изречена условна казна затвор од една година, додека командирот на ПС Кочани, Александар Темелков, е осуден на условна казна од две години, која нема да се изврши доколку во период од четири години не стори ново дело.

    Судијката Лидија Петровска во образложението на пресудата истакна дека судот ги зел предвид олеснителните околности, но нагласи дека суштината на нивната должност изостанала.

    „Обвинетите своите службени должности ги извршиле само привидно. Формата била запазена, но суштината изостанала. Формалното постапување што не води кон резултат не претставува извршување на должноста, туку нејзино неизвршување. Како последица на ваквото постапување, не била поведена прекршочна постапка против носителот на дејноста и одговорното лице, со што им била овозможена некаква имотна корист во вид на неповедување на прекршочната постапка“, изјави судијката.

    Според пресудата, Богатинов и Лазаров не утврдиле кое правно лице ја врши дејноста во дискотеката „Пулс“ и внеле податоци кои не се од официјални документи.

    „Кога службеното овластување се сведува на форма без содржина, правната заштита станува привид, а одговорноста е изиграна. Површното извршување на службената должност создава впечаток дека некои субјекти се „недопирливи“ и се надвор од дофатот на законот. Во правна држава тоа не смее да постои“, нагласи Петровска.

    За командирот Темелков, Судот утврдил дека тој располагал со податоци за лиценцата, но и покрај тоа одобрил постапка против субјект кој не ја вршел дејноста. Обвинетите ќе треба да ги платат и судските трошоци, а пресудата не е правосилна.

    Прочитај повеќе

    Клековски: Двојно зголемени контролите за боледувања, се подготвуваат измени во правилникот

    05.05.2026 во 14:17

    Нов модел на ПОЦ: Едно бесплатно паркинг место за секоја станбена единица во Центар

    05.05.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.