Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20

    Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање

    29.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доаѓа првиот африкански бран во Македонија, температурите ќе се искачат до 30 степени

    Доаѓа првиот африкански бран во Македонија, температурите ќе се искачат до 30 степени

    05.05.2026 во 13:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија се подготвува за првиот посериозен топол бран годинава, кој ќе донесе летни температури на воздухот. Според најавите на метеорологот Славчо Попоски, претстојниот викенд ќе обележи значително затоплување низ целата држава.

    Особено топло ќе биде во централните и југоисточните предели, каде се очекува живата во термометарот да се искачи и до 30 степени.

    „Полека но сигурно во Македонија ни доаѓаат долго очекуваните летни температури на воздухот, особено за време на викендот кога тие особено во централните и во југоисточните предели ќе се искачат и до 30 степени“, вели Попоски.

    Освен дневните, значително ќе пораснат и утринските температури, со што целосно престанува опасноста од појава на мраз и слана.

    „Ова значи дека конечно во следните денови ќе потпаднеме под првиот значително потопол бран од југ, односно од Африка“, најавува метеорологот, додавајќи дека летните температури ќе го зафатат целиот Балкан до крајот на седмицата.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.