Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиев: Гоце Делчев е синоним на епохата на македонската борба за македонска држава и нација

    Ѓорѓиев: Гоце Делчев е синоним на епохата на македонската борба за македонска држава и нација

    04.05.2026 во 19:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ванчо Ѓорѓиев, професор на филозофскиот факултет при УКИМ, беше дел од трибината на темата „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, која се одржа денес, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан, Гоце Делчев.

    „Гоце Делчев е синоним на едно време, на една епоха, на македонска борба, за македонска држава, за македонска нација“, вели Ѓорѓиев.

    Ѓорѓиев на трибината прочита дел од воведникот од текст од 1935 година, објавен од Кукушкото братство во Софија, по повод 32 годишнината од смртта на Гоце Делчев.

    „Пред 32 години, во една херојска борба со султанската војска, беше убиен големиот македонски револуционер и апостол, Гоце Делчев. Македонскиот народ ја даде својата најскапа жртва. Во неговото лице, Македонија ја изгуби душата на револуционерна организација. Зошто гоцевата смрт беше толку скапа за Македонија? Затоа што тој беше највдахновениот, најпреданиот и најпламениот борец за слободата на својата поробена татковина. Ревносен чувар на самостојното и ослободително македонското движење и заколнат непријател на надворешните влијанија, од каде и да доаѓаат тие. Затоа македонскиот народ кога е на потера, го стигна кај село Баница, водачот на македонската револуција. Така, засекогаш престана да чука срцето на големиот македонски пионер, кој го црташе патот што води право кон слободата на македонскиот народ. Денес, ние треба да го одржуваме името на големиот апостол и револуционер на Македонија, да го возвишиме неговото дело, како знаење и поука, тоа треба да биде наш прв долг кон татковината, тоа не држи далеку од ниските соблазнувања и од трговците во македонскиот храм. Света должност на македонскиот народ и за емиграција е секоја година, да го одбележува споменот на незаборевениот македонски национален херој, Гоце Делчев, и на плеадата борци, револуционери, и оваа годишнина да се претвори во традиција, на семакедонско народно чествување. Така ќе посведочиме, дека ни е мила нашата слобода и ќе ја изразиме нашата почит и благодарност кон нашиот верен и преден учител и кон безбројните борци што ја посветиле својата младост и го дале својот живот за Македонија“, стои во извадокот кој го прочита Ѓоѓриев

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.