Close Menu
Press24
    Најново

    Екс градоначалникот на Струмица заработи кривична пријава – потпишал изградба на дивоградба

    01.05.2026 во 13:43

    Семејното насилство не запира: Приведени насилници во Велес, Охрид, Свети Николе и Тетово

    01.05.2026 во 13:38

    “Сакам да работам“ со честитка за 1-ви мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа

    01.05.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Екс градоначалникот на Струмица заработи кривична пријава – потпишал изградба на дивоградба
    • Семејното насилство не запира: Приведени насилници во Велес, Охрид, Свети Николе и Тетово
    • “Сакам да работам“ со честитка за 1-ви мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа
    • Двајца струмичани заработија кривични: Физички нападнал сограѓанин и му го одзел мобилниот телефон, па го дал на друг
    • Мисајловски: Вработените во одбраната се темелот на безбедноста на државата
    • Мицкоски: Реализираме проекти за поинаков лик на Охрид и крајбрежјето
    • Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов најдоцна до почетокот на 2027 година
    • ВРЕДИ: ДУИ не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Екс градоначалникот на Струмица заработи кривична пријава – потпишал изградба на дивоградба

    Екс градоначалникот на Струмица заработи кривична пријава – потпишал изградба на дивоградба

    01.05.2026 во 13:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“

    СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од Кривичниот законик.

    Пријавената М.Т. во време на сторување на делото вработена како советник – урбанистички аналитичар во Сектор за урбанизам комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица, ги пречекорила границите на своите службени овластувања така што постапувајќи спротивно од одредбите на Законот за градење и ограничувањето на деталниот урбанистички план според кој на конкретната локација воопшто не бил предвидена градба, изготвила одобрение за реконструкција. Ваквото нешто воопшто не можело да се смета за реконструкција од причина што предвидените градежни дејствија всушност претставувале нова градба. Истото било евидентно и во самиот основен проект доставен од подносителот во постапката, која постапка наместо да се води како постапка за реконструкција, истата имала елементи на спроведена и одобрена постапка за изградба на нов објект.

    Пријавената С.Р. во време на сторување на кривичното дело – раководител на Сектор за урбанизам комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица постапила несовесно при вршењето на своите службени овластувања, пропуштила должен надзор во целата постапка и го одобрила предметното одобрение за реконструкција иако знаела, односно морала да знае дека не се работи за реконструкција туку за изградба на сосема нов објект на место каде што согласно деталниот урбанистички план не е предвидена изградба на објект.

    Првопријавениот К.К. во време на сторување на делото- градоначалник на Општина Струмица исто така постапил несовесно при вршењето на своите службени овластувања, пропуштил должен надзор во постапката и притоа го потпишал изготвеното одобрение за реконструкција.

    Пријавениот Ѓ.М. без да чека правосилно завршување на постапката по предметното барање за реконструкција, започнал со градба на сопствена одговорност и ризик, при што под изговорот за реконструкција на постоечки објект на парцела каде согласно ДУП не е предвидена градба изградил нов објект од втора категорија.

    Пријавената С.О. во време на сторување на кривичното дело во својство на овластен градежен инспектор при Општина Струмица во постапката која ја водела против Ѓ.М. наместо да констатира дека се работи за бесправно градење на градба од втора категорија, односно наместо да констатира кривично дело кое се гони по службена должност, таа констатирала дека се работи за прекршок од Законот за градење, иако согласно документите кои ги извела како доказ во постапката на инспекцискиот надзор можела и морала да знае дека не се работи за реконструкција на постоечки објект туку всушност се работи за изградба на сосема нов објект.

    Прочитај повеќе

    Семејното насилство не запира: Приведени насилници во Велес, Охрид, Свети Николе и Тетово

    01.05.2026 во 13:38

    Двајца струмичани заработија кривични: Физички нападнал сограѓанин и му го одзел мобилниот телефон, па го дал на друг

    01.05.2026 во 13:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.