Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Филипче од фотелјата на Заев вели дека е подготвен за уставни измени без гаранции

    01.05.2026 во 11:05

    Гаши за 1 Мај: Вашиот труд е темел на економскиот напредок и иднината на државата

    01.05.2026 во 10:49

    Герасимовски: Почитувањето на работничките права и вистинското вреднување на трудот се темел на просперитетно и праведно општество

    01.05.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Филипче од фотелјата на Заев вели дека е подготвен за уставни измени без гаранции
    • Гаши за 1 Мај: Вашиот труд е темел на економскиот напредок и иднината на државата
    • Герасимовски: Почитувањето на работничките права и вистинското вреднување на трудот се темел на просперитетно и праведно општество
    • Сиљановска-Давкова по повод Први мај: Да ги цениме работниците ако сакаме да ги задржиме дома
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не се појави на пратенички прашања, замина на пат за Франкфурт
    • СДСМ: 1 Мај – ден на борба, а не на празник, работниците во Македонија се принудени да излезат на протест
    • Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен-темелник за изградба на нова катна гаража во Охрид
    • Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје, ССМ излегува на протест
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Филипче од фотелјата на Заев вели дека е подготвен за уставни измени без гаранции

    Манасиевски: Филипче од фотелјата на Заев вели дека е подготвен за уставни измени без гаранции

    01.05.2026 во 11:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека неговата „проевропска шема“ не познава никакви црвени линии и дека ги негира македонските национални интереси.

    Манасиевски посочи на изјавата на Рубин Земон, член на Извршниот одбор на СДСМ, кој во еден поткаст изјавил дека Гоце Делчев е „небитен“ и „мит“ кога станува збор за македонската државност.

    „Да повториме, еден од темелите на македонската државност, Гоце Делчев за другарот на Филипче, е мит. Венко Филипче ниту се огради, ниту пак се изјасни за оваа изјава на Рубин Земон“, изјави Манасиевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Филипче јавно изјавил оти е подготвен веднаш да потпише уставни измени без никакви услови и гаранции дека тоа ќе биде последната пречка во евроинтегративниот процес.

    Во соопштението се наведува и дека Филипче ги спинувал изјавите на европратеникот Томас Вајц, кој подоцна лично разјаснил дека актуелната Влада има значаен прогрес.

    Манасиевски ги демантираше и тврдењата на СДСМ дека се изгубени средствата од ИПАРД програмата, посочувајќи дека Брисел потврдил дека парите се на располагање на земјоделците.

    „Филипче не е морален авторитет да говори за европските вредности. СДС не е проевропски настроена, ниту пак Филипче е проевропски настроен“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не се појави на пратенички прашања, замина на пат за Франкфурт

    01.05.2026 во 10:33

    Мицкоски: Реформите да бидат инклузивни, одржливи и со конкретни резултати

    30.04.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.