Close Menu
Press24
    Најново

    Комитет за јавни инвестиции: Усвоена листа на приоритетни проекти за стратешки развој на државата

    29.04.2026 во 16:35

    Алармантни податоци: Над 600 деца биле жртви на сексуална злоупотреба во последните шест години, најмалото има само 3 години

    29.04.2026 во 16:24

    21-годишен Македонец призна дека сакал да изврши терористички напад на концертот на Тејлор Свифт

    29.04.2026 во 16:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Комитет за јавни инвестиции: Усвоена листа на приоритетни проекти за стратешки развој на државата
    • Алармантни податоци: Над 600 деца биле жртви на сексуална злоупотреба во последните шест години, најмалото има само 3 години
    • 21-годишен Македонец призна дека сакал да изврши терористички напад на концертот на Тејлор Свифт
    • Семејно насилство во Чаир: Приведени двајца скопјани по напад врз снаата и синот
    • Несреќа во кумановски каменолом: Работник префрлен на скопските клиники
    • Кривична пријава за тројца штипјани: Лажеле дека давале лична асистенција, оштетен буџетот за над 400 илјади денари
    • Беким Сали учествуваше на седницата на Советот за рамномерен регионален развој
    • Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици и да не ја губиме енергијата на ирационални прашања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Комитет за јавни инвестиции: Усвоена листа на приоритетни проекти за стратешки развој на државата

    Комитет за јавни инвестиции: Усвоена листа на приоритетни проекти за стратешки развој на државата

    29.04.2026 во 16:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствуваше на првиот состанок на Комитетот за јавни инвестиции, кој се одржа во Министерството за финансии.

    На состанокот воведни обраќања имаа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерката за финансии и претседател на Комитетот за јавни инвестиции, Гордана Димитриеска-Кочоска.

    Во рамки на состанокот беше разгледана Листата на предлог проектни идеи, доставена до институциите, при што се дискутираше за нивната оправданост, приоритетност и усогласеност со стратешките цели на државата. Комитетот ја усвои Листата на оценети и одобрени предлог проектни идеи, која претставува основа за понатамошна реализација на капиталните инвестиции.

    Согласно утврдената процедура, по усвојувањето, Листата ќе биде доставена до Владата, со цел донесување на првата Конечна приоритетна листа на проекти за јавни инвестиции, во согласност со член 25 од Уредбата за управување со јавни инвестиции.

    Учеството на заменик министерот Исени на овој состанок ја потврдува посветеноста на Министерството за внатрешни работи во процесите на стратешко планирање и реализација на јавните инвестиции, особено во делот на унапредување на безбедносната инфраструктура и институционалните капацитети.

    Прочитај повеќе

    Цветаноски: Панче Тошковски да си даде оставка

    29.04.2026 во 13:52

    Мицкоски: Ние дипломатија за пари не водиме

    29.04.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.