Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Владата не спаси: Дизелот ќе отидеше над 110 денари за литар

    28.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел
    • Нови сообраќајни правила во и ЕУ
    • Мицкоски утре на промоција на проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“
    • Утре повеќе скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Петрушевски: Филипче доживува дебакл
    • Сиљановска-Давкова во Салцбург: Проширувањето кон Западен Балкан е тест за геополитичкиот капацитет на ЕУ
    • Семеен хаос во Скопје: Се степале двајца браќа и нивната мајка
    • Хорор за прваче во Кочани: Го соблекле гол, го тепале и го снимале
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кривична пријава за тројца штипјани: Лажеле дека давале лична асистенција, оштетен буџетот за над 400 илјади денари

    Кривична пријава за тројца штипјани: Лажеле дека давале лична асистенција, оштетен буџетот за над 400 илјади денари

    29.04.2026 во 16:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Н.Џ. (50), Ѓ.Ј. (57) и Е.Џ. (44), сите од Штип, поради постоење основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, продолжено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

    Според пријавата, во текот на 2022, 2023 и 2024 година, пријавените, во својство на лица кои вршат работи од јавен интерес, односно како сертифицирани асистенти за опслужување лица со попреченост од страна на Црвениот крст на Република Северна Македонија, биле ангажирани преку Општинската организација на Црвениот крст – Неготино, со договор за испорака на услуга лична асистенција за Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Штип.

    Со намера да се стекнат со противправна имотна корист, тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањата, така што кај седум лица со попреченост – корисници на услугата лична асистенција од подрачјето на Штип, Свети Николе и Кочани нередовно ги извршувале задолжителните услуги согласно неделните и месечните планови.

    Иако услугите не биле извршувани во целост, пријавените изготвувале месечни извештаи со невистинити податоци за бројот на реализирани работни часови. Таквите планови и извештаи ги доставувале до Црвен крст, Општинска организација Неготино, од каде биле фактурирани до одговорните лица во ЈУМЦСР Штип и Министерството за социјална политика, демографија и млади.

    Со ваквите дејствија, првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 162.120 денари, при што е предизвикана штета од 218.716 денари. Второпријавениот се стекнал со 129.966 денари, а предизвикал штета од 175.775 денари. Третопријавената се стекнала со 15.252 денари, при што предизвикала штета од 20.522 денари.

    Вкупната штета нанесена на буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади изнесува 415.013 денари.

    Прочитај повеќе

    Семеен хаос во Скопје: Се степале двајца браќа и нивната мајка

    28.09.2026 во 13:23

    Хорор за прваче во Кочани: Го соблекле гол, го тепале и го снимале

    28.09.2026 во 13:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.