Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево

    10.06.2026 во 15:06

    Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори

    10.06.2026 во 15:01

    Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај

    10.06.2026 во 14:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
    • Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
    • Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај
    • Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства
    • Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град
    • Силно невреме со град меѓу Скопје и Тетово, врнежи и во Крива Паланка
    • Кривична пријава за 23-годишен скопјанец по сообраќајната несреќа со смртни последици во Илинден
    • УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска пресуда за Раде Трајковски-Штекли и групата за трговија со кокаин и марихуана

    Денеска пресуда за Раде Трајковски-Штекли и групата за трговија со кокаин и марихуана

    29.04.2026 во 09:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска е закажано објавувањето на пресудата за предметот против Раде Трајковски-Штекли и уште четворица обвинети, кои се товарат за организирање на криминална група вклучена во неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.

    Предметот опфаќаше вкупно 16 лица. Од нив, седуммина претходно склучија спогодба со Обвинителството и добија затворски казни во траење од три до 3,5 години, додека четири лица ја признаа вината, по што за нив постапката беше раздвоена.

    Според обвинението, групата оперирала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година, со јасна структура и дефинирани улоги. Како организатор и координатор, кој ги вршел контактите со странски и домашни посредници за набавка на наркотици и давал насоки за ширење на мрежата, се посочува првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли.

    Според доказите на Обвинителството, дрогата била складирана во изнајмени станови, а продажбата се вршела по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата меѓу членовите на групата се одвивала преку апликации за заштитена комуникација, како што е „Снепчет“, а клучните докази биле обезбедени преку анализа на мобилните телефони.

    Одбраната на Трајковски, пак, во текот на постапката тврдеше дека ќе докаже оти тој не формирал, ниту организирал криминална група. Адвокатите истакнаа дека не постојат докази дека тој давал какви било инструкции, тврдејќи дека наводите на Обвинителството се базираат на претпоставки. При почетокот на процесот, Трајковски изјави дека не го разбира обвинението, додека останатите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

    Прочитај повеќе

    Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори

    10.06.2026 во 15:01

    Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства

    10.06.2026 во 14:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.