Close Menu
Press24
    Најново

    ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на сметководствената професија

    28.04.2026 во 13:11

    Завршни зборови за случајот со Ивана и Катја: Обвинителството бара најстрога казна, одбраната на Јовановски бара ослободителна пресуда

    28.04.2026 во 12:56

    Петрушевски: Филипче и СДС се подготвени да го продадат македонскиот идентитет за власт

    28.04.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на сметководствената професија
    • Завршни зборови за случајот со Ивана и Катја: Обвинителството бара најстрога казна, одбраната на Јовановски бара ослободителна пресуда
    • Петрушевски: Филипче и СДС се подготвени да го продадат македонскиот идентитет за власт
    • Филипче: Најблиски соработници на премиерот имаат бугарски пасоши
    • Андоновски: Кибербезбедноста не е повеќе само техничко прашање, туку столб на државната отпорност
    • Морничави детали: Презентирани обдукциските извештаи за трагедијата во „Пулс“ – повеќето жртви починале од задушување
    • Бизнис конференција за сајбер безбедност на Македонски Телеком
    • УХМР најавува драстична промена: Снег на планините и пад на температурите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на сметководствената професија

    ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на сметководствената професија

    28.04.2026 во 13:112 Mins Read
    PANELI_ISOS_Mart 2026_3360x1008_MKD
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во организација на ИСОС – Институтот на сметководители и овластени сметководители, на 6 мај 2026 година во Скопје ќе се одржи третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Генерација со визија – Професија со иднина“.

    Конференцијата се очекува да обедини околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот. Ќе учествуваат и претставници од институциите, академската заедница, деловниот сектор, како и меѓународни организации и професионални тела, вклучително и претставници на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC) и CFE Tax Advisors Europe, со цел отворање на суштински дијалог за иднината на сметководствената професија.

    Програмата на годинешната конференција вклучува повеќе панел-дискусии и тематски сесии, а фокусот е ставен на трансформацијата на професијата во услови на засилена дигитализација, новите регулаторни барања и зголемена потреба од доверба и транспарентност. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на младите како двигатели на идните промени во професијата.

    Една од новините на овој регионален собир ќе биде и Саемот за дигитализација, наменет за презентација на современи софтверски решенија и алатки за унапредување на сметководствената професија.

    „Третата регионална конференција е логично продолжение на нашата стратешка определба да ја развиваме професијата во чекор со глобалните трендови, но и да ја направиме поатрактивна за младите. Денес сметководството не е само работа со бројки, тоа е професија што гради доверба, поддржува одлуки и има директно влијание врз економијата. Токму затоа, оваа година посебен фокус ставаме на новите генерации, на технологијата и на иднината на професијата“, изјави претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

    Во рамки на конференцијата ќе биде презентиран и студентскиот проект: видео подкастот „Повеќе од само бројки“, иницијатива која произлезе од претходното издание на конференцијата и има за цел да ја доближи професијата до младите.

    „Целта на подкастот ‘Повеќе од само бројки’ е да го прикаже сметководството од поинаква перспектива, како динамична и современа професија. Преку разговори со практичари и експерти, сакаме да ги разбиеме стереотипите и да покажеме дека оваа професија нуди стабилност, развој и реални кариерни можности“, истакна Моника Митреска, координаторка на студентскиот проект.

    Конференцијата ќе ја отвори претседателката на ИСОС, заедно со високи претставници на Владата, со што ќе се потврди улогата и значењето на сметководствената професија за економскиот систем и општеството во целина.

    Со оваа конференција ИСОС продолжува да ја зацврстува својата позиција како клучен двигател на развојот, модернизацијата и меѓународната афирмација на сметководствената професија, со јасен фокус на иднината и новите генерации.

    Агендата на конференцијата е достапна на веб-страницата на ИСОС – isos.mk

    Прочитај повеќе

    Завршни зборови за случајот со Ивана и Катја: Обвинителството бара најстрога казна, одбраната на Јовановски бара ослободителна пресуда

    28.04.2026 во 12:56

    Петрушевски: Филипче и СДС се подготвени да го продадат македонскиот идентитет за власт

    28.04.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.