Close Menu
Press24
    Најново

    Слики од Џони Деп изложени во две галерии во Германија – цените достигнуваат и до стотици илјади евра

    26.04.2026 во 15:00

    Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран

    26.04.2026 во 14:48

    Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

    26.04.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Слики од Џони Деп изложени во две галерии во Германија – цените достигнуваат и до стотици илјади евра
    • Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
    • Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите
    • Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
    • „ЕУ за општините“ со нов практичен прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот
    • Шер ја загуби битката за старателство над нејзиниот син
    • Хороскопски знаци кои создаваат лажни пријатели
    • Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Слики од Џони Деп изложени во две галерии во Германија – цените достигнуваат и до стотици илјади евра

    Слики од Џони Деп изложени во две галерии во Германија – цените достигнуваат и до стотици илјади евра

    26.04.2026 во 15:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уметничките слики на холивудската ѕвезда Џони Деп се изложуваат во две галерии во Хесен. Овој петок изложбата ќе биде во галеријата Билдер фукс (Bilder Fuchs), во Фулда, а еден ден подоцна неговите дела ќе можат да се видат и во галеријата Арт (Art), Висбаден. Од галериите во Фулда и Висбаден наведуваат дека интересот на јавноста е исклучително голем. Претставниците на галериите додаваат дека ова е првпат делата на Деп да бидат изложени во Германија во толкав обем, и покрај тоа што, пред околу еден месец биле изложени во галерија, во градот Емендинген

    Во Фулда и Висбаден ќе биде прикажан избор од графичките дела на Деп, меѓу кои се и мотиви од неговите познати серии „Одрази“ („Reflections“), „Генезата на Човекот-зец“ („Bunny Man’s Genesis“), „Пет“, „Алигатор“ („Gator“) и „Куќата што Џони ја изгради“ (The House That Johnny Built“). Покрај графиките, изложбата вклучува и уникатни уметнички дела, меѓу кои акварели, цртежи и монотипии кои се дел од неговото поново ликовно творештво.

    Според организаторите, цените на делата на Деп започнуваат од околу 995 евра за нумерирани и рачно потпишани изданија. Овие изданија во рамки на истиот уметнички жанр можат да достигнат и до околу 7.000 евра. Уникатните, оригинални дела се проценуваат од околу 10.000 евра (почетна цена), а во зависност од големината, техниката и побарувачката, некои од нив можат да достигнат и шестцифрени суми.

    Кураторот на галеријата во Фулда, Томас Шток, како посебно значајна ја издвојува колекцијата „Пет“, во која, според него, Деп преку уметнички израз ја прикажува емоционалната исцрпеност и личните предизвици низ кои поминувал во одреден период од својот живот. Актерот првпат ги претстави своите уметнички дела во 2022 година, а од тогаш неговите изложби беа организирани и во Њујорк, Лондон и Токио, каде што неговите уметнички дела привлекоа големо внимание од јавноста и колекционерите на слики.

    Двете изложби ќе бидат отворени до 24 мај.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.