Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници

    Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници

    25.04.2026 во 10:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ние сме првата Влада која се посвети на инфраструктурата, инфраструктуррата ни е приоритет број еден и работиме многу интензивно, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за поткаст на поратлот Курир.

    “ Веќе го реконструиравме граничниот премин Деве Баир, сега ќе работиме на проширување. Ја пуштиме во функција обиколницата на Крива Паланка, го пуштивме експресниот пат од Крива Паланка до Страцин, она што останува сега е Страцин-Романовце. Планираме веќе следната година да почнеме да го работиме со подршка на ЕУ во рамки на Планот за раст. Од Куманово преку обиколница Скопје до Тетово има автопат, од Тетово до Гостивар го градиме автопатот. Го почнавме ние како Влада да го градиме, без разлика што договорот беше потпишан претходно, од Гостивар до Букојчани преку популарната Стража исто така градиме автопат, ние го започнавме и овој автопат иако претходно беше потпишан договорот. Во моментов во процедура сме на избор на изведувач заедно со ЕБОР на потегот од Букојчани до Кичево, а веќе Кичево – Охрид е при крај. Тоа е оној заборавен проект од кој сите се имаа откажано и ние како Влада кога бевме избрани решивме да го завршиме. Веќе 37 км се завршени од кои 34 км се во функција, а очекуваме до крај на годината целиот да биде завршен. Она што останува е спојот на потегот од Струга до ГП Ќафасан. Тука имаме одредени предизвиици поврзани со УНЕСКО. Ќе разговараме со нив, не дали ќе има автопат туку по која траса ќе оди решението и очекувам во месец јуни да имаме договори. ГП Ќафасан веќе го реконструиравме и во втора фаза ќе работиме на проширување” – истакна вицепремиерот Николоски за проектите на Коридор 8.

    Во однос на железницата тој истакна дека и во овој дел се работи на крупни проекти за поврзување со Бугарија. 

    “ Во делот на железницата од Скопје до Куманово постои железничко поврзување. Кога беше избрана оваа Влада се зафати со поврзувањето со Бугарија. Минатиот јануари ја ставивме во функција пругата од Куманово до Бељаковце, сега работиме на потегот од Бељаковце до Крива Паланка и она што сум особено горд е тоа што минатата недела излезе тендерот за надзор за третата најтешката делница од 24 км, а очекуваме следната недела/две да излезе и тендерот за изградба како би имале целосно железничко повзување со Бугарија. Тука заеднички ќе го градиме тунелот и Скопје и Софија да се спојат после многу децении.  

    Во делот на западната страна тој најави реконструкција на пругата од Скопје до Кичево. 

    “ Работиме обиколница на Скопје со цел карго возовите да не влегуваат во Скопје за да не загадуваат. Паралелно го градиме и проектот Градски воз, а работиме и на железничката линија од Скопје, преку Јегуновце Тетово Гостивар до Кичево. Таму работиме со ЕУ на подготвителни работи и следните две години да објавиме тендер за изградба на железница од Скопје до Кичево, тоа би била првата фаза, а втотата фаза ќе зависи дали Албанија ќе се нафати дали на исти начин ќе инвестира како и ние, имајќи превид дека целата пруга би чинела 2 милијарди евра, споредено со целокупните инвестиции во државата на годинашно ниво кое се 750 милиони евра. Се работи за мега проект, заедно со брзата пруга на Коридор 10, се работи за потенцијална инвестиција од 5 милијарди евра. Сега се работи на проект за околу 2 милијарди евра” – истакна вицепремиерот.    

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.