Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Трилинг“ на 24 телевизија рече дека не постои разлика меѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски.
„Истото со што сега се соочуваме, истата парадигма којашто тогаш ВМРО-ДПМНЕ ја користеше, ја имплементираше во раководењето на државата под раководство на Никола Груевски, сега практично го прави Христијан Мицковски. Нема разлика, тоа е иста организирана криминална група. Луѓе кои што го зграпчија државниот буџет, излажаа дека ќе се борат за националните интереси, дека ќе го вратат името, дека ќе ја подобрат преговарачката рамка, дека ќе го поништат договорот за добрососедство со Бугарија, а што направија буквално ништо“, потенцираше Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека ваквиот пристап се манифестира и преку управувањето со јавните финансии.
„Го зграбија буџетот и го користат само за да ги пљачкаат народните пари преку тендери на свои компании блиски до ВМРО ДПМНЕ“, рече Филипче.
Осврнувајќи се и на правосудниот систем, Филипче нагласи дека, станува збор за ист модел на контрола како во минатото.
„Овој систем, како што вака го контролира премиерот некој, кој било граѓанин како да очекува, правда и неселективност. Како може овој систем наш во којшто премиерот на телевизија кажува кои обвинители и судии се добри, кои не се добри, ги нарекува медиокритети, преку свои чувства дава насоки и прави притисок на правосудните органи, прави притисок врз опозицијата. Ова се автократски манири на владеење. Па сите се сеќавате на тефтерчето од времето на Груевски. Ист е системот. Тие судии и обвинители се поставуваат сега на позиција. Со ваков став и пристап, како на Христијан Мицкоски, идентична копија на пристапот на Никола Груевски. Свои судии, свои обвинител, најави за судски процеси, заплашување преку медиуми, јавна дискредитација на луѓе коишто работат во правосудниот систем, а има чесни луѓе таму, има добри професионалци. Како тие се чувствуваат кога заради индивидуални безобразлуци, целата фела нема доверба. Така што, само со реформа на системот, реформа на умот и пристапот на луѓето на врвот на пирамидата на власта, којашто треба да се тргнат од независната власт судска, нас може да нè биде“, заклучи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

