Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со детали какво време нè очекува до крајот на неделата: Сончево, попладневни врнежи и тропски викенд
    • Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот
    • Таткото во паника брзо влегол во ординацијата – тригодишно дете исчезна во Ханиоти на Халкидики
    • Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб
    • СДСМ: Кој е Милко Бошковски?
    • Скопје меѓу најтоплите градови, температурите во 11 часот – Попладнево следи пресврт
    • Крај на лајковите, филтрите и сториите? Инстаграм и Фејсбук се соочуваат со најголемиот удар досега – Мета пред историско судење во САД
    • Ведрана зад себе остави две деца: Синот е многу познат и почитуван, но ништо не се знае за нејзината ќерка во јавноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 11,5 милиони денари за Охрид: Самуиловата тврдина добива летна сцена и ново осветлување

    11,5 милиони денари за Охрид: Самуиловата тврдина добива летна сцена и ново осветлување

    24.04.2026 во 12:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска, во рамки на работната посета на Охрид, заедно со директорот на Завод и музеј – Охрид, Горан Патчев изврши увид во состојбата на Самуиловата тврдина и ги презентираше активностите што ќе се реализираат со цел заштита и ревитализација на културното наследство.

    Министерот нагласи дека заштитата, промоцијата и презентацијата на Охрид и Охридската споменична целина, која е дел од светското културно и природно наследство, претставува врвен приоритет за Министерството за култура и туризам.

    „Се наоѓаме на Самуиловата тврдина – еден од најзначајните симболи на историјата, културата и идентитетот на Охрид. Нашата заложба е ова културно богатство да го зачуваме, но и да му дадеме нова, современа културна содржина“, истакна министерот.

    Тој додаде дека во годината кога Завод и музеј – Охрид одбележува 75 години од постоењето, во годишната програма за заштита на недвижното културно наследство се издвоени 11.520.000 денари за реализација на значајни проекти. Средствата се наменети за ревитализација на Самуиловата тврдина, која опфаќа археолошки доистражувања, поставување илуминација и партерно уредување со летна сцена. Со тоа ќе се овозможи повторно одржување на театарски претстави, концерти и други културни настани, со што тврдината ќе добие и одржлива културна функција.

    Покрај тоа, ќе се реализираат и заштитни интервенции и археолошки истражувања на локалитетот Манчевци, каде се наоѓа ранохристијанска базилика со вредни мозаични површини. Поради констатирани оштетувања, предвидени се активности за дополнителни истражувања, изградба на потпорен ѕид и соодветно инфраструктурно уредување, со цел создавање услови за негова презентација и промоција.

    Љутков потенцираше дека Министерството за култура и туризам останува цврсто посветено на системска грижа за културното наследство, како значаен ресурс за развој на културниот туризам и афирмација на државата на меѓународно ниво.

    Прочитај повеќе

    Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места

    18.08.2026 во 10:03

    Цената на нафтата скокна

    18.08.2026 во 09:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.