Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Загинаа 27 лица – Хорор во Јоханесбург

    27.09.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се подготвуваат нови евро банкноти – дали треба да ги смените старите?
    • Малолетник прегазен во скопски Чаир
    • Гаши во Саудиска Арабија
    • Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо
    • Вештачката интелигенција цица струја
    • Вучиќ си замина – до кога?
    • Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап
    • Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕКСКЛУЗИВНО: Уапсени двајца вработени во скопскиот Кривичен суд, осомничени за корупција и барање поткуп

    ЕКСКЛУЗИВНО: Уапсени двајца вработени во скопскиот Кривичен суд, осомничени за корупција и барање поткуп

    23.04.2026 во 20:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје– Две лица ангажирани во скопскиот Кривичен суд се уапсени под сомнение за вмешаност во коруптивни активности и барање поткуп, дознава неофицијално порталот „Прес24“.

    Според информациите, едното лице, вработено како судски полицаец, побарало 1.000 евра од странка во судски спор, со ветување дека ќе посредува и ќе „поткупи“ судија во Апелациониот суд во Скопје, со цел предметот да биде решен во корист на странката. Откако предметот завршил неповолно за оштетениот, случајот бил упатен до Врховниот суд.

    Во таа фаза, осомничениот повторно стапил во контакт со странката и побарал дополнителни 500 евра, тврдејќи дека ќе влијае врз одлуката на судиите во Врховниот суд. Наместо да ги исплати средствата, оштетениот го пријавил случајот во полиција.

    По претходно договорена средба, судскиот полицаец бил фатен со обележани пари, по што веднаш бил лишен од слобода. Од страна на надлежен суд, нему му е изречена мерка притвор. Во текот на истрагата, од мобилниот телефон на осомничениот биле обезбедени податоци за комуникација со повеќе лица. Анализата покажала дека тој, во овој и во други слични случаи, наводно соработувал со второ лице – вработено во судот како судски доставувач.

    И за второосомничениот е определена мерка куќен притвор. Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуална вмешаност и на други лица. Оваа информација засега не е официјално потврдена од надлежните институции.

    Прочитај повеќе

    Малолетник прегазен во скопски Чаир

    28.09.2026 во 09:52

    Гаши во Саудиска Арабија

    28.09.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.