Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Загинаа 27 лица – Хорор во Јоханесбург

    27.09.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се подготвуваат нови евро банкноти – дали треба да ги смените старите?
    • Малолетник прегазен во скопски Чаир
    • Гаши во Саудиска Арабија
    • Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо
    • Вештачката интелигенција цица струја
    • Вучиќ си замина – до кога?
    • Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап
    • Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Еко-аларм за Вардарскиот слив: Од локални инциденти до потенцијална еколошка катастрофа

    Еко-аларм за Вардарскиот слив: Од локални инциденти до потенцијална еколошка катастрофа

    23.04.2026 во 11:554 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во март 2026 година, група на еко-активисти спроведе теренски мониторинг на повеќе локации во Вардарскиот речен слив со цел да се документираат комбинираните притисоци и загадувањето на водните ресурси. Наодите од теренот се загрижувачки и јасно укажуваат дека загадувањето на водите не е резултат на изолирани локални инциденти, туку е последица на континуирана и повторлива појава што произлегува од системски слабости во управувањето со водите.

    Мониторингот бил спроведен на реките Брегалница, Конска/Сува река, Каменичка Река, Кумановка, Пчиња и Вардар. На овие локации биле констатирани директни канализациски и индустриски испусти, диви депонии и градежен шут во речните корита, лагуни со отпадни води, процедување од стари депонии, како и ризици од излевање на рударско хидро јаловиште.

    Шокантни слики од теренот низ повеќе општини

    Теренските извештаи од Штип, Гевгелија, Македонска Каменица и Куманово покажуваат дека загадувањето на водите не може да се третира само и исклучиво како комунално прашање. Мониторингот ги бележи следните состојби:

    • Во Штип е евидентиран директен испуст во Брегалница, оштетен канал од ерозија и нелегално депонирање на отпад.
    • Во Гевгелија се регистрирани директни канализациски испусти, градежен шут, лагуна со отпадни води од сточарска фарма, исцедоци од стара депонија, индустриски канал за испуштање и канализација што се влива во Вардар без претходно прочистување.
    • Во Македонска Каменица се бележи акумулација на отпад во Калиманско Езеро и ризик од истекување на јаловиштето од рудникот САСА во Каменичка Река.
    • Во Кумановка и Пчиња се документирани диви депонии, кабаст и биолошки отпад што се пренесува во Вардар.

    Авторите на документот предупредуваат дека загадувањето има низводен ефект и не застанува на административните граници на една општина. Дополнително, на повеќе локации постои директен ризик по јавното здравје, водоснабдувањето и ризик од загадување на подземни води и бунари. Ова е особено критично таму каде што има директен испуст на канализација, угинати животни, отпадни води од фарми или ризици од излевање на индустриски нетретирани води во водотеците.

    Институциите реагираат само откако штетата ќе стане видлива

    Главниот заклучок од теренскиот увид е дека ваквите состојби се директна последица на неадекватно, фрагментирано и претежно реактивно управување со водите во Вардарскиот речен слив. Извештајот ја критикува досегашната институционална пракса која се базира на интервенции откако штетата веќе е видлива.

    „Критичните еколошки точки стануваат видливи дури откако загадувањето е веќе манифестирано, што укажува на отсуство на навремен надзор, редовен мониторинг и превентивно постапување“, се истакнува во извештајот.

    Наместо системски пристап, документот посочува дека „институционалната реакција најчесто се сведува на повремени интервенции, задоцнет инспекциски надзор и ограничени санациски мерки без долгорочен ефект“. Заеднички именител на сите овие проблеми е недостигот на постојан мониторинг заснован на идентификација на ризиците од загадување, недоволна координација меѓу општините, инспекциските служби и јавните претпријатија, како и ограничена јавна отчетност.

    Мерки за спас на речниот слив: Од повремено чистење кон спречување на изворот

    За да се спречи потенцијална еко-катастрофа, потребна е итна промена во пристапот на надлежните органи. Се препорачува итно (во рок од 0-3 месеци) да се прекинат директните испусти онаму каде што е возможно, да се спроведат вонредни инспекции и да се земат примероци на критичните точки.

    „Фокусот на институционалното постапување мора да се префрли од повремено чистење кон превенција, контрола и санација на самиот извор на загадување“, се апелира во клучните препораки од документот.

    Онаму каде што постои ризик од процедување, јаловишта, индустриски канали или лагуни од фарми, се бараат структурни и системски решенија што ќе опфатат затворање, стабилизација, третман или соодветна техничка надградба. Истовремено, се бара редовно и јавно објавување на инспекциските наоди, резултатите од анализите и статусот на наложените мерки заради унапредување на транспарентноста.

    Овој кус документ за јавни политики е подготвен во рамки на проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“, кој го спроведува здружението на граѓани ФЛОРОЗОН. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија, а неговата цел е да придонесе кон поодговорно, потранспарентно и поефикасно управување со водните ресурси преку зајакната улога на граѓанските организации.

    Прочитај повеќе

    Малолетник прегазен во скопски Чаир

    28.09.2026 во 09:52

    Гаши во Саудиска Арабија

    28.09.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.