Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Културата мора да биде двигател на трансформацијата на Скопје, а не само едногодишен украс

    Ѓорѓиевски: Културата мора да биде двигател на трансформацијата на Скопје, а не само едногодишен украс

    23.04.2026 во 11:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на свечениот настан посветен на титулата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, порача дека културата мора да прерасне во суштински двигател на урбаната трансформација. Според Ѓорѓиевски, оваа титула не смее да се сведе само на организација на настани, туку треба да послужи како основа за траен развој на градот.

    Тој ја нагласи потребата културата да се третира како јавна инфраструктура, а не како декоративен елемент.

    „Што навистина значи Скопје да биде Европска престолнина на културата? Дали тоа значи само една година исполнета со настани? Или, како што значи за мене, нешто многу подлабоко – можност културата да стане трајна трансформација, јавна трансформација на инфраструктурата на градот, двигател на урбаниот развој, средство за социјална кохезија, извор на нова економија и основа на нов урбан идентитет“, истакна Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот додаде дека суштината на еден „добар град“ не лежи само во бројот на манифестации, туку во квалитетот на живеење.

    „Добар град не е само град со настани. Добар град е град во кој човек сака пред сè да остане. Град во кој јавните простори се безбедни, зелени, достапни и креативни. Град во кој културата не е луксуз, туку дел од неговото секојдневие“, порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека титулата треба да донесе трајна промена во управувањето со градот.

    Прочитај повеќе

    Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави

    21.10.2026 во 22:30

    Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство

    21.10.2026 во 16:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.