Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гeрасимовски: Центар сам ќе се  грижи за хигиената, доколку Градот нема решение

    Гeрасимовски: Центар сам ќе се  грижи за хигиената, доколку Градот нема решение

    23.04.2026 во 10:291 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар е подготвена да ја преземе надлежноста за одржување на хигиената доколку Градот не ги извршува своите обврски, порача градоначалникот Горан Герасимовски во дебатата „Топ тема“ на Телма ТВ.

    Тој посочи дека општината има капацитет и јасен план како самостојно да се справи со проблемот, особено во услови на влошена состојба со јавната хигиена.

    „Тоа го покажавме и пред изборите кога се соочивме со огромен проблем со хигиената. Имаме 120 хигиеничари кои што се постојано на терен. Секое утро ги почнуваат нивните работни обврски од училиштата, градинките, потоа продолжуваат кон сите останати улици и зелени површини. Но, проблем е чистење на сметот од самите контејнери и околу контејнерите. Не треба прстот да го покажуваме кон сите градоначалници, треба малку и меѓу себе да си ги покажеме прстите“, истакна Герасимовски.

    Тој нагласи дека е недозволиво контејнерите да се прелеваат со смет, а децата да мора да прескокнуваат преку отпад за да стигнат до училиште.

    „Тоа е недозволиво. Верувам дека ситуацијата ќе се подобри. Од она што го имаме како информација од Градот, дека Градот прави напори, заедно со помош на владата, да набави одреден број на возила кои ќе придонесат да се подобрат условите во делот на хигиената“, рече Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.