Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Загинаа 27 лица – Хорор во Јоханесбург

    27.09.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Мајката“ на Оземпик е Македонка и денеска ќе предава во МАНУ
    • Се подготвуваат нови евро банкноти – дали треба да ги смените старите?
    • Малолетник прегазен во скопски Чаир
    • Гаши во Саудиска Арабија
    • Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо
    • Вештачката интелигенција цица струја
    • Вучиќ си замина – до кога?
    • Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почнува процесот за укинување на техничката влада – со 67 гласа помина првата фаза од измените на Законот за Влада

    Почнува процесот за укинување на техничката влада – со 67 гласа помина првата фаза од измените на Законот за Влада

    22.04.2026 во 12:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со 67 гласа „за“, 13 „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија. Со ова, законското решение ја мина првата и клучна фаза од собраниската процедура.

    Целта на предложените измени е суштинска – укинување на моделот на преодна, односно техничка влада, кој со години наназад беше воспоставуван како начин за организирање на изборните процеси.

    Во образложението на предлагачот, односно Владата, се посочува дека новото законско решение ќе обезбеди поголема стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес. Власта смета дека е време институциите да ја преземат целата одговорност, без потреба од ад-хок политички договори кои ги оптоваруваа функционирањето на државата.

    „Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата… со овој предлог-закон се воспоставува јасна и применлива правна рамка која ќе гарантира фер и транспарентни избори“, се вели во образложението.

    Со овие измени се планира елиминирање на досегашните привремени решенија воспоставени со политички договори, со што се става крај на практиката на технички влади, а фокусот се става на институционалното делување гарантирано со Уставот и законите.

    Прочитај повеќе

    „Мајката“ на Оземпик е Македонка и денеска ќе предава во МАНУ

    28.09.2026 во 10:02

    Малолетник прегазен во скопски Чаир

    28.09.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.