Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос во Велес: Го нападнала сопругот, па пијана предизвикала сообраќајна несреќа

    20.04.2026 во 15:54

    Мицкоски по средбата со амбасадорите од ЕУ: Реформската агенда дава конкретни резултати

    20.04.2026 во 15:38

    Судење за трагедијата во „Пулс“: Сведоци од Општина Кочани тврдат дека немале надлежност над инспекциите

    20.04.2026 во 15:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос во Велес: Го нападнала сопругот, па пијана предизвикала сообраќајна несреќа
    • Мицкоски по средбата со амбасадорите од ЕУ: Реформската агенда дава конкретни резултати
    • Судење за трагедијата во „Пулс“: Сведоци од Општина Кочани тврдат дека немале надлежност над инспекциите
    • Обвинителството со докази против судијата Ѓоко Ристов: Парите во ѕидот се негови и се противправно стекнати
    • Полицијата приведе 14 возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и во спротивна насока
    • „Реформите не остануваат на хартија“: Филков пред амбасадорите ги претстави приоритетите до јуни 2026
    • Зајакнување на регионалната соработка: Минчев и Буноза во Будва договорија продлабочување на реформските процеси
    • Сиљановска-Давкова по изборите во Бугарија: Очекувам отворен дијалог со Радев за откочување на евроинтеграциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос во Велес: Го нападнала сопругот, па пијана предизвикала сообраќајна несреќа

    Хаос во Велес: Го нападнала сопругот, па пијана предизвикала сообраќајна несреќа

    20.04.2026 во 15:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

    На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот.

    На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг, а подоцна со нејзиното патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки на улица „Благој Ѓорев“ во Велес учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.В.(69) од Велес. Во несреќата таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

    На 19.04.2026 година во ОВР Крива Паланка, 50-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Ј. кој употребил и тврд предмет.

    На 20.04.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(34) од село Романовце, кумановско, затоа што подолг временски период ја следел и вознемирувал неговата 27-годишна поранешна партнерка. Тој бил приведен во полициска станица.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Популарно

    Хаос во Велес: Го нападнала сопругот, па пијана предизвикала сообраќајна несреќа

    20.04.2026 во 15:54

    Мицкоски по средбата со амбасадорите од ЕУ: Реформската агенда дава конкретни резултати

    20.04.2026 во 15:38

    Судење за трагедијата во „Пулс“: Сведоци од Општина Кочани тврдат дека немале надлежност над инспекциите

    20.04.2026 во 15:36

    Обвинителството со докази против судијата Ѓоко Ристов: Парите во ѕидот се негови и се противправно стекнати

    20.04.2026 во 15:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.