Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серија пријави за семејно насилство низ Македонија – приведени четири лица

    Серија пријави за семејно насилство низ Македонија – приведени четири лица

    19.04.2026 во 13:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 18.04.2026 во 22:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.С.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје во периодот од 2024 година до 18.04.2026 често упатувал закани кон неговиот 62-годишен татко, постојано му вршел психичко и физичко малтретирање, а неколкупати замавнувал ѝ со остар предмет кон него.

    На 18.04.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од скопско пријави дека во периодот од март 2025 година до 18.04.2026, нејзиниот поранешен сопруг П.Г. преку социјална мрежа ѝ упатувал заканувачки пораки кон неа и нејзиното семејство. Според пријавеното, тој претходно ја малтретирал и психички и физички.

    На 18.04.2026 во 07:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека околу 04:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б.(56), кој притоа ѝ упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и ја избркал од домот. Таа ѝ претходно била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, но досега пријавувала. Подоцна, полициски службеници извршиле службен разговор со пријавениот.

    На 18.04.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.М.(37) од охридско. Претходниот ден околу 21:00 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, а подоцна со остар предмет ѝ се заканувал нејзе и на нивните пријатели Д.П. и К.К.. Против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од осум дена.

    На 18.04.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршиле службен разговор со З.С.(48) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 се заканувала на нејзиниот 47-годишен сопруг, а на 18.04.2026 физички го нападнала на неговото работно место.

    На 18.04.2026 во 18:50 часот во ОВР Дебар, 47-годишник од Дебар пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син Џ.Н.(21), лице со здравствени проблеми и кој подоцна е пренесен здравствена установа.

    На 18.04.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(52) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во неколку наврати во текот на денот се јавувал на неговата 48-годишна сопруга и ја вознемирувал неа и нејзината мајка и покрај тоа што од Основен суд Кичево имал забрана да ги контактира двете.

    На 18.04.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(41) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека преку телефонски повици и социјални мрежи упатувал закани на неговата поранешна 35-годишна партнерка. Истовремено, неговата сопруга А.М.(40) пријавила дека поранешната партнерка на нејзиниот сопруг на социјална мрежа објавувала содржини со кои ги злоупотребила нејзините лични податоци и упатувала навреди кон нејзиното семејство.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Ноќно апсење на Велешко Езеро: Фатен маж со марихуана

    09.06.2026 во 21:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.