Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Револуција во македонското здравство: Тргна телемедицината на релација Скопје–Дебар–Делчево

    Револуција во македонското здравство: Тргна телемедицината на релација Скопје–Дебар–Делчево

    17.04.2026 во 15:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети Општата болница во Дебар по повод почеток на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологија (теледерматологија), кој се реализира на релација Скопје–Дебар–Делчево.

    Министерот Алиу нагласи дека станува збор за суштинска реформа која го менува начинот на кој пациентите пристапуваат до здравствената заштита, притоа најавувајќи проширување на телемдицинските услуги и во други области од здравството.

    „Паралелно работиме на зајакнување на техничката инфраструктура, обука на медицинскиот персонал и воспоставување јасни протоколи за квалитет и безбедност на услугите. Од денес, пациентите со кожни заболувања од Дебар и Делчево имаат можност да добијат стручна дијагноза и препорака од специјалисти од Клиниката за дерматологија, без потреба од физичко присуство, што значително ќе го намали времето на чекање, трошоците за патување и оптоварувањето на здравствените установи во главниот град. Теледерматологијата покажува висока ефикасност, искуствата укажуваат на 60 до 90 проценти точност во поставување дијагноза, во 80 до 90 проценти точност во ординирање терапија, совети и медицинска едукација, како и дури 98 проценти точност во проценката дали пациентот треба да биде упатен на повисоко ниво и колкава е ургентноста за тоа“, рече министерот Алиу.

    Директорот на Општа болница Дебар, Мерсим Колечи, го поздрави започнувањето на проектот, оценувајќи дека станува збор за значаен исчекор за установата и за пациентите од регионот.

    „Овој проект, прв од ваков вид во нашата болница, претставува значаен чекор кон унапредување на здравствените услуги за граѓаните од Дебар и околината, и ќе се заложам во најскоро време истиот да се прошири и со други услуги, особено во оние области каде што недостигаат специјалисти“, изјави Колечи.

    Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија, проф. д-р Катерина Дамевска, која го следеше и контролираше целиот процес од Скопје, истакна дека искуствата со Дебар и Делчево се во согласност со искуствата од развиениот свет, дека телемедицината е ефикасна, безбедна, евтина и резултира со задоволство на пациентите.

     „Во изминатиот период, со Министерството за здравство и системот „Мој термин“, успеавме да ги разрешиме техничките и правните пречки, за успешност на пилот-проектот. Согласно поставените цели, следат процеси на акредитација на инволвираните институции, сертификација на едуцираниот кадар, проширување на теледерматологијата на територија на цела Македонија, како и соработка со Фондот за здравство за финансирање на оваа дејност“, појаснува проф. д-р Дамевска.

    Овој пилот-проект претставува почетна фаза од поширока стратегија за дигитална трансформација на здравствениот систем, која во наредниот период ќе опфати и други специјалности, како и поврзување повеќе здравствени установи низ државата.

    Прочитај повеќе

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.