Close Menu
Press24
    Најново

    Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ

    10.06.2026 во 14:16

    Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција

    10.06.2026 во 13:57

    Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест

    10.06.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ
    • Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција
    • Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест
    • Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година
    • (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни
    • Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
    • Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
    • Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милионски криминал со технички прегледи во Сарај: Кривични пријави за функционери од Град Скопје и Општина Сарај

    Милионски криминал со технички прегледи во Сарај: Кривични пријави за функционери од Град Скопје и Општина Сарај

    17.04.2026 во 12:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.Д. (61) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ и Б.Б. (49) од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.3 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ.

    З.Д. во својство на овластено службено лице, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, овозможил на правен субјект од с. Крушопек – Сарај, поточно подружница во рамки на предметниот субјект, лоцирана во с. Глумово во периодот од 01.02.2022 до 03.06.2022 да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.224.064 денари (без ДДВ). Тој, по дадено овластување од страна на градоначалник на Град Скопје да потпишува акти во 2021 година, му овозможил на правниот субјект да се стекне со право, односно решение за утврдување на режим на сообраќај, а врз основа на тоа и овластување за вршење на технички преглед на правниот субјект, иако бил свесен дека надлежноста за издавање на ваков тип на решение е во надлежност на општина Сарај, а не на Град Скопје, со што постапил спротивно на чл.20 од Законот за локална самоуправа.

    Потоа Б.Б., во својство на овластено службено лице градоначалник на Општина Сарај, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување овозможил на истиот правен субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од 42.851.205 денари. Тој во период од октомври 2022 година до март 2023 година во два наврати донел решение за утврдување на режимот на сообраќај и решение за измена и дополнување на решението за изменување и дополнување на решението за утврдување на режимот на сообраќај врз основа на поднесени барања од барателот (предметниот правен субјект), без претходно да изврши должен надзор во доставените прилози и да констатира дека истите не се во согласност со Урбанистичкиот план за село Глумово, со што постапил спротивно на чл.50 ст.1 т.4 и т.11 од Законот за локална самоуправа, во врска со чл.20 од Законот за урбанистичко планирање и чл.47 од Законот за градење.

    Прочитај повеќе

    Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест

    10.06.2026 во 13:53

    Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала

    10.06.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.