Close Menu
Press24
    Најново

    Масакр во паб во Јоханесбург: Вооружени напаѓачи пукале на случаен избор, најмалку девет мртви

    10.06.2026 во 09:16

    Украински дронови и ракети погодија цели низ цела Русија, на удар и Москва

    10.06.2026 во 09:11

    Дневен хороскоп: Ракот под притисок на критики, Лавот има потреба од изолација, Рибите да го забават темпото

    10.06.2026 во 08:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Масакр во паб во Јоханесбург: Вооружени напаѓачи пукале на случаен избор, најмалку девет мртви
    • Украински дронови и ракети погодија цели низ цела Русија, на удар и Москва
    • Дневен хороскоп: Ракот под притисок на критики, Лавот има потреба од изолација, Рибите да го забават темпото
    • ВРЕДИ: Северна Македонија и Турција ја обновија соработката во патниот транспорт
    • Издаден портокалов метеоаларм во Хрватска – Силно невреме доаѓа и кон Македонија
    • Апсење во Скопје: Пет лица со лисици на рацете
    • Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”
    • Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Анита Орбан потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за ЗБ

    Муцунски: Анита Орбан потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за ЗБ

    15.04.2026 во 23:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека во вчерашниот телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ.

    Како што рече Муцунски попладнево на новинарско прашање, разговорот со Анита Орбан, бил конструктивен, позитивен и насочен не само на одржување на добрите односи, туку и на надградување на билатералните односи. 

    – Дискутиравме за многу прашања, примарно насочени кон заедничките билатерални проиоритети. Тоа што особено ме радуваше е што таа потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за Западен Балкан што е за нас многу битно. Зборувавме за добрите односи што државата ги има на само на политичко поле туку и во делот на економијата и трговијата, но и се согласивме дека можеме да направиме и уште повеќе заеднички. Се договоривме да ја продолжиме интензивната комуникација и во периодот што следи по формирањето на новата влада во Унгарија да оствариме средба, рече Муцунски, на новинарско прашање по прес-конференцијата со неговиот белгиски колега Максим Прево.  

    Прашан какви односи очекува со новата унгарска Влада рече дека има многу работи кои ги спојуваат двете држави и оти не може билатерални односи помеѓу две држави кои се партнери во НАТО и кои имаат ист интерес насочен кон европската иднина на државата да бидат единствено врзани со политички влади.

    – Природата на демократијата е дека политички влади доаѓаат и заминуваат. На крајот на денот, да ја потсетиме македонската јавност. Денес се шири еден страшен и опасен наратив од главната опозициската партија, но таа кога беше на власт исто така имаше добра соработка со Владата на премиерот во заминување Орбан и така треба. Така што, се случил изборниот  резултат, честитаме на победата, нема ништо позначајно од демократската волја на народот којшто даде јасен и недвосмилесен сигнал во Унгарија. Со госпоѓата Орбан се согласивме дека не само што треба да ги негуваме добрите односи, туку да продолжиме во духот на конкретната соработка да имаме уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, рече Муцунски. 

    На прашање за очекувањата од претстојните избори во Бугарија Муцунски истакна дека посакува да се формира стабилна политичка влада со која ќе се почне дијалог за решение за билатералниот спор. 

    – Посакуваме успех на изборниот ден од демократска гледна точка, а исто така секако да се формира стабилна политичка влада. Кој ќе ја формира таа политичка влада зависи од  сувереното право на граѓаните на соседна Бугарија. Наш приоритет во последниот период и за последните денови можам да кажам дека сме прилично успешни како влада иако имаше голем број на провокации кои доаѓаа од одредени поединци кај нашиот сосед, е да не дозволиме нашата држава да стане дел од изборниот наратив  во соседна Бугарија. И заради тоа што не реагиравме на тие провокации, сметам дека успеавме да не бидеме дел од наративот, а тоа секако е олеснителна околност во отпочнување на дијалог што ни е потребен помеѓу двете држави за изнаоѓање на сооодветни праведливо решение за билатералниот проблем којшто постои, наведе Муцунски.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Северна Македонија и Турција ја обновија соработката во патниот транспорт

    10.06.2026 во 08:52

    Апсење во Скопје: Пет лица со лисици на рацете

    10.06.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.