Шокантна објава на социјалните мрежи ја вознемири јавноста, откако скопјанката Амела Мемиш Апостоловска сподели вознемирувачко искуство од гробиштата во Бутел. Додека била на посета на гробот на својот татко, таа и нејзините деца пронашле бела вреќа оставена на самата патека, за која првично мислеле дека е градежен шут.
„Во моментот кога се доближивме, сфативме што има внатре – човечки коски. Останки од нечие тело, обележани само со број, без име и без достоинство“, пишува Апостоловска во својата објава.
Таа опишува дека едно од децата дури и се сопнало од вреќата пред да сфатат за што станува збор. Според неа, ваквиот третман на мртвите е недозволив и длабоко вознемирувачки за посетителите.

