Close Menu
Press24
    Најново

    Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница

    08.07.2026 во 13:18

    МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

    08.07.2026 во 12:56

    Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа

    08.07.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Скок од мост во поплава
    • Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Силна и ефикасна Царина значи заштитена економија и стабилен Буџет

    Димитриеска-Кочоска: Силна и ефикасна Царина значи заштитена економија и стабилен Буџет

    14.04.2026 во 12:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силна, модерна и ефикасна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството. Оваа порака ја упати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето видео-обраќање по повод 14 Април – Денот на Царинската управа, која годинава одбележува 34 години од своето основање.

    Министерката нагласи дека Владата останува цврсто определена за сеопфатна модернизација и дигитализација на институцијата, како и за континуирано јакнење на нејзините човечки капацитети. Целта на овие реформи е поефикасна наплата на буџетските приходи, олеснување на трговијата и создавање предвидлива деловна средина.

    „Царинската служба има клучна улога во олеснувањето на трговијата, администрирањето на Договорите за слободна трговија, унапредување и заштита на националната економија и наплата на буџетските приходи. Доброто функционирање на секоја царинска служба претставува посебен општествен и државен интерес и приоритет“, истакна министерката.

    Осврнувајќи се на актуелните глобални економски и енергетски предизвици, Димитриеска-Кочоска потенцираше дека Владата презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и бизнисот, без притоа да се наруши фискалната стабилност.

    Таа додаде дека стручната поддршка на царинските работници е неопходна за одговор на новите предизвици кои доаѓаат од брзата глобализација, особено во делот на борбата против нелегалните финансиски текови, организираниот криминал и даночната евазија.

    „Така ќе продолжиме да остваруваме резултати кои во изминатиот период покажуваа раст на приходите при увоз и ќе изградиме систем во кој има доверба и бизнис заедницата и граѓаните. Само заеднички можеме да придонесеме системот да биде здрав, ефикасен и во функција на сите“, заклучи Димитриеска-Кочоска, упатувајќи благодарност до сите вработени за нивната 34-годишна посветеност и професионалност.

    Прочитај повеќе

    Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница

    08.07.2026 во 13:18

    МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

    08.07.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.