Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Последниот ден горештини: Викендов доаѓа есента
    • СДСМ: Виновниците за трагедијата во Кочани излегуваат на слобода – така изгледа правдата со Мицкоски
    • Македонската и хрватската царина потпишаа Меморандум за соработка за забрзување на трговијата и ЕУ-интеграциите
    • Цената на нафтата руши рекорди – колку ќе поскапат горивата во Македонија?
    • Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво
    • Шок: Цената на нафтата драстично скокна
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја мрази Македонија
    • СДСМ: Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со посветена работа од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, истакна денеска Иванов.

    Според него, во моментов се случува голем инвестициски бран во патната инфраструктура низ целата држава.

    „Како никогаш до сега во поновата историја на државата се случува голем бум на градежништво, како еден од главните драјвери на економскиот развој, се градат патишта, автопатишта, експресни патиштата. Тоа го потврдуваат и од последните податоци на Државниот завод за статистика, кои велат дека за месец април имаме исклучително висок степен на реализација на капитални проекти што е за речиси една третина подобар за истиот месец од лани.“

    Иванов посочува дека ваквиот напредок е резултат на континуиран ангажман за надминување на наследените проблеми на терен.

    „Ваквиот градежен бум се должи на две години интензивна, посветена и макотрпна работа на Владата за изнаоѓање на решенија, решавање на наследени и тековни проблеми, инвестиции кои ја развиваат економијата и го подобруваат животот на сите граѓани во Република Македонија.“

    Во однос на конкретните патни правци, тој информираше за статусот на автопатските делници низ земјава:

    „Интензивно се работи на завршување на останатиот дел од автопатот Кичево-Охрид, од кој 37 километри се пуштени во употреба и граѓаните веќе ги користат. Следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце, со што веќе се обезбедени средства, избрани се консултантот и изведувачот, кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Албанија и во Црна Гора.“

    Иванов се осврна и на проектите од Коридорот 8 и Коридорот 10Д, потенцирајќи ги направените буџетски заштеди и напредокот со експропријацијата.

    „Сериозен прогрес на градежните работи има и на автопатиштата од Коридорот 8 и 10Д. Со изведувачот е постигната нова динамика за изградба на автопатиштата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола. Забрзани се постапките за експропријација и решени се преку 2500 постапки, остануваат уште мал број на постапки да се дорешат. Се поништи одлуката на претходната Влада за изградба на тунел на трасата Гостивар-Букојчани со што заштедени се 252 милиони евра во Буџетот, додека на делницата Прилеп-Битола веќе од следната година очекуваме да се вози по едната лента.“

    Како што додава тој, се започнува со подготовка и на нови експресни патишта кои со години биле запоставени, додека дел се веќе комплетно завршени.

    „Тука се и експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш за кои почнаа подготовките за нивна изградба. Тоа се проекти кои со години се ветувани и никој до сега, ниедна власт не направи ништо за изградба на овие патишта. Кога сме кај експресните патишта не смееме да ги заборавиме Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка кој е дел од Коридорот 8, кои по долги години застој, Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно ги заврши и ги пушти во употреба.“

    Иванов заклучува дека крајната цел на овие економски и инфраструктурни зафати е рамномерен развој на целата територија.

    „Се инвестира и се гради во секој дел од државата, инфраструктурно се развиваме насекаде, со крајна цел, исполнување на стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот.“

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Виновниците за трагедијата во Кочани излегуваат на слобода – така изгледа правдата со Мицкоски

    11.09.2026 во 10:00

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја мрази Македонија

    11.09.2026 во 09:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.