Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Без молитва, без пост и без искрено покајание, човекот тешко може да го пронајде вистинскиот мир во себе

    Ѓорѓиевски: Без молитва, без пост и без искрено покајание, човекот тешко може да го пронајде вистинскиот мир во себе

    12.04.2026 во 13:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христос Воскресе! Честит и благословен Велигден!

    ♥️ Утрово, на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, присуствував на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје, каде што во молитва и духовна радост се собраа голем број верници.

    Со вера во срцето, тие дојдоа да ја споделат најрадосната вест, да се причестат и да бидат поблиску до Бога, исполнети со надеж, љубов и мир.

    🪺 Велигден е празник над празниците, темелот на нашата вера и вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината и на надежта над очајот.

    Ден кога човештвото ја добива најголемата утеха и најсилната порака, дека љубовта Божја е посилна од сè и дека секое страдање има своја смисла, а секоја жртва, своја светлина.

    🙏 Без молитва, без пост и без искрено покајание, човекот тешко може да го пронајде вистинскиот мир во себе.

    Деновите што изминаа беа време на тишина, преиспитување и духовно очистување, пат што нè води кон обновување на душата.

    Токму затоа денес, со чисто срце и отворена душа, го славиме Воскресението Христово, носејќи ја во себе радоста што нè обединува и нè прави подобри луѓе.

    🫵 Нека овој светол празник ни донесе здравје, љубов и благосостојба, нека ни ја зацврсти верата и нека нè поттикне на добрина, разбирање и човечност.

    Да си подадеме рака еден на друг, да простиме, да помогнеме и да продолжиме напред со надеж и вера.

    ☦️ Христос Воскресе!, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.