Малите дела создаваат голема надеж. Никој не е заборавен!
Во пресрет на најрадосната вест за нас христијаните, Воскресението Господово, најважно е таа радост да ја споделиме со другите, да си подадеме рака кога е најпотребно и да останеме заедно и во добро и во тешко.
Големи денови се пред нас, а човечката големина не се мери со зборови, туку со дела.
Токму затоа, денес, заедно со моите колеги, градоначалниците на Гази Баба и Ѓорче Петров, Бобан Стефковски и Александар Стојкоски, посетивме неколку семејства од социјален ризик, информираше градонаачалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Им поделивме пакети со прехранбени продукти и со едно мало внимание се обидовме да внесеме топлина во нивните домови и да им ги разубавиме празничните денови.
Да знаат дека не се сами.
Да знаат дека секогаш ќе има некој што ќе стои покрај нив и во радоста, но и во предизвиците.
Секој човек заслужува топол дом, мир и празнична трпеза.
И јас, онолку колку што можам, ќе бидам тука за мојот народ – со искрена намера, со грижа и со подадена рака.
Нека овие денови нè потсетат да бидеме подобри луѓе, да помагаме, да се разбираме, да пристапуваме со добрина и љубов, затоа што токму тоа е највозвишената човечка вредност.
Да менуваме преку хуманоста.
Да сте ми здрави и живи, напиша градоначалникот на ФБ.

