„Случувањата во светот влијаат на економијата, влијаат на глобалните случувања, влијаат на аспирациите коишто ги имаме ние за членство итн., влијаат врз ценовниот притисок, врз притисокот на цените. ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја има апсолутната власт и со тоа можност да реагира, да работи во корист на граѓаните. И во оваа цела слика многу е важна опозицијата за да може да биде квалитетен коректив на тие политики, меѓутоа гледаме дека опозицијата се изгуби во својата улога, односно не успеа да ја врати изгубената доверба“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на гостување во емисиијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Пратеникот Лефков истакна дека иако опозицијата треба да биде квалитетен коректив на политиките на власта, нивните настапи не се базираат на факти и немаат суштина. Тој нагласи дека единствен коректив на власта е народот, потенцирајќи дека Владата потекнува од народот и реагира нанавреме за секоја криза, како што беше и се уште е реакцијата за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите.
„Во овој момент единствен коректив на власта е народот, јавноста и чувството на оваа Влада затоа што потекнува од народот и довербата која што ја доби на последните избори, континуирано ја добива, и мислам дека во овој момент опозицијата потфрлува во својата улога да биде коректив. Останува добриот факт дека оваа Влада потекнува од народот и не го губи тоа чувство и гледаме дека навреме реагира за секоја криза, како што беше и се уште е реакцијата за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите“, дециден е Лефков.
- Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
- Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
- 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
- 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
- Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
- Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
- Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
- 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција

