Вчера во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с.Смоквица, констатирани во Општа болница Гевгелија. Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал.
За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
- ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор
- Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци
- Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ
- Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја
- Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка
- Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
- Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
- Машки труп пронајден во Пчиња

