Close Menu
Press24
    Најново

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11

    ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини

    29.10.2026 во 19:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Макрон до Израел: Престанете со обидите за заплашување на француските војници во Либан

    Макрон до Израел: Престанете со обидите за заплашување на француските војници во Либан

    08.04.2026 во 19:561 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Францускиот претседател Емануел Макрон упати сериозно предупредување до Израел, обвинувајќи ја израелската војска за обиди за „заплашување“ на француските војници кои се дел од мировната мисија на Обединетите нации (УНИФИЛ) во јужен Либан.

    По состанокот на францускиот Совет за одбрана, Макрон истакна дека израелските воени операции и присуството на нивните сили на либанска територија не се решение за конфликтот. Тој повика на итен почеток на политички преговори меѓу Израел и Либан за да се спречи натамошна ескалација која веќе однесе над 1.500 животи.

    „Нападите и присуството на израелските сили во јужен Либан не претставуваат решение. Ова што го гледаме со израелската окупација не е правилниот одговор на кризата“, порача Макрон.

    Дополнително, Париз официјално го обвини Израел за притисок врз „сините шлемови“, нагласувајќи дека безбедноста на меѓународните трупи мора да биде загарантирана. Францускиот претседател потенцираше дека неодамнешното примирје меѓу САД и Иран мора да го опфати и либанскиот фронт, наспроти ставот на Бенјамин Нетанјаху дека воените операции против Хезболах ќе продолжат.

    Прочитај повеќе

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.